„Тивкиот живот не е здодевен живот“ – Луѓе споделуваат мисли кои засекогаш им го промениле животот

Дали некогаш сте слушнале или прочитале совет или мисла што ви го променила животот?

tivkiot-zhivot-ne-e-zdodeven-zhivot-lugje-spodeluvaat-misli-koi-zasekogash-im-go-promenile-zhivotot-001.jpg

Можеби се чини невозможно, но некогаш навистина сè што ни треба се само неколку зборови за целосно да ни ја променат перспективата и да ни помогнат да се справиме со некоја тешка ситуација.

Некогаш е доволно само на миг да „излезете“ од вашата глава, да ја погледнете ситуацијата со „нови очи“, за да сфатите дека нештата и не се така лоши.

Неколку корисници на Редит ги споделија советите што засекогаш им ги промениле животите, а во продолжение можете да погледнете дел од нив:

„Не треба да кажувате буквално сè што ќе ви помине низ глава“.

„Немојте да се расправате со глупави луѓе – прво ќе ве спуштат на нивно ниво, а потоа ќе ве докрајчат со нивното искуство“.

„Ова не е баш совет, но забелешка на личност што ми остана во глава. Ми рече: 'Повеќето работи што ги прават другите немаат никаква врска со тебе, дури и ако се насочени кон тебе'. Ова навистина ми го промени животот и сега речиси ништо не сфаќам лично“.

bukvalno-nikoj-ne-znae-shto-pravi-lugje-spodeluvaat-soveti-shto-zasekogash-im-go-promenile-zhivotot-02.JPG

„За навистина да станете најдобри, треба да се надминете себеси, а не конкуренцијата“.

„Татко ми ми рече дека единствената личност од којашто треба да бидам подобар е личноста којашто сум бил вчера“.

„Можете да бидете најсочната, највкусната праска во светот, но сепак ќе има некој што мрази праски. Во минатото многу се грижев за туѓото мислење, но откако го прочитав овој совет, сфатив дека дури и да бидам најдобрата верзија од себе, нема да им се допаѓам на сте. И тоа е сосема во ред“.

bukvalno-nikoj-ne-znae-shto-pravi-lugje-spodeluvaat-soveti-shto-zasekogash-im-go-promenile-zhivotot-03.JPG

„Нешто што мама честопати ми го кажуваше: Во кој било дел од денот, работите можат да станат подобри“.

„Бидете вклучени, а не приврзани. Речиси целиот живот имав проблеми со социјализација. Сега ми е подобро благодарение на ваквите совети. Ова значи дека не треба да доминирате во секоја дискусии, туку само учествувајте во неа. Поставувајте му прашања на оној кој зборува, покажете му дека сте заинтересирани за она што го кажува. Ќе постигнете многу повеќе ако покажете интерес за другите, наместо да зборувате само за себе“.

„Тивкиот живот не е здодевен живот“.

bukvalno-nikoj-ne-znae-shto-pravi-lugje-spodeluvaat-soveti-shto-zasekogash-im-go-promenile-zhivotot-04.JPG

„Не се грижи за тоа што мислат другите за тебе, бидејќи секој мисли само за себе“.

„Пред да озборувате, запрашајте се – дал ова е вистина, дали е добро, дали е неопходно?“

„Престанете да ги ставате сите други на прво место. Размислете што ви треба вам пред да помогнете некому. Некогаш мора да бидете себични и да се грижите само за себе, во спротивно нема да ви остане ништо што би можеле да им го дадете на другите. Во ред е да се ставите на прво место, тоа не значи дека не се грижите за другите“.

bukvalno-nikoj-ne-znae-shto-pravi-lugje-spodeluvaat-soveti-shto-zasekogash-im-go-promenile-zhivotot-05.JPG

„Не донесувајте трајни одлуки под влијание на минливи емоции“.

„Буквално никој не знае што прави“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Животни совети и лекции кои ги слушаме често, но не се секогаш корисни „Сè се случува со причина. Ова е ужасен совет за ситуација во која некој е жртва...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg