Бонтон правила кои ги забораваме во секојдневието

Човекот е толку учен колку што му се добри манирите, би рекле многумина.

pravila-od-bonton-ekspert-koi-gi-zaboravame-vo-sekojdnevieto-001.jpg

Сепак, во денешното брзање, 90% од добрите манири отидоа во заборав.

Ова се правила од бонтон експерт на кои вреди да се потсетиме и да ги „вратиме во живот:“

  • Во јавен превоз се зборува исклучиво тивко. Зборувањето на телефон е забрането. Максимумот што можете да го кажете е: „Ало, во моментов не можам да зборувам, ќе те побарам за кратко.“ Генерално, ова важи за сите места каде има многу непознати лица на едно место. Односно, тоа може да биде и лифт.

pravila-od-bonton-ekspert-koi-gi-zaboravame-vo-sekojdnevieto-03.jpg

  • Во јавен превоз исто така мажите треба да го отстапат местото на жените. Истото правило важи и за дечињата од 5-6 годишна возраст, па нагоре.

pravila-od-bonton-ekspert-koi-gi-zaboravame-vo-sekojdnevieto-04.jpg

  • Лубеница се јаде со виљушка и нож.
  • Путерот не се размачкува на лебот. Се остава во парчето во кое е исечен.
  • Лимонот од пијалаците не смее да се јаде и џвака.
  • Во канцеларија не се части ништо што е на парчиња или за што треба прибор за јадење. Може да почастите канапеи или јаткасти плодови.

pravila-od-bonton-ekspert-koi-gi-zaboravame-vo-sekojdnevieto-01.jpg

  • Ноктите се средуваат или дома или во салон за разубавување и на ниту едно друго место.

pravila-od-bonton-ekspert-koi-gi-zaboravame-vo-sekojdnevieto-02.jpg

  • Никогаш не комуницирајте со говорни пораки. Ако однапред не сте се договориле за овој начин, не се снимајте без претходна најава.
  • Дури и на најголемите жештини, на важни состаноци и формални настани не се оди со голи нозе. Секогаш се носат хулахопки.

pravila-od-bonton-ekspert-koi-gi-zaboravame-vo-sekojdnevieto-06.jpg

  • Комплиментот упатен кон непознат човек не е лош потег. Некултурно е само да одбиете или игнорирате комплимент кој вие ќе го добиете.
  • Никогаш не го допирајте туѓото дете пред претходна дозвола од родителот или возрасното лице кое го придружува.
  • Кога му се обраќате на детето, би требало да клекнете за да бидете во негова висина.

pravila-od-bonton-ekspert-koi-gi-zaboravame-vo-sekojdnevieto-05.jpg

  • Врата се отвора на луѓе кои се 2 до 3 чекори позади вас. Ако човекот е далеку околу 10 чекори, подобро не ја држете вратата. На тој начин само ќе го натерате да брза.
  • Ако го допрете приборот или салветата во ресторанот, тогаш мора да нарачате храна.

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...
10 бонтон правила за културно однесување во хотел (кои секој треба да ги знае) Правило број 1: Бидете тивки додека минувате низ ходниците, со зборувањето гласн...
Фото докази од луѓе кои имале една работа – и не успеале да ја завршат како што треба Кога вработените во маркет целосно ќе ги промашат производите и ќе ги стават на ...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg