8 факти кои ќе ви помогнат да го зачувате здравјето и животот во секојдневни ситуации
Понекогаш опасноста нè чека буквално зад аголот, и доколку сме само малку збунети, можеме да си одмогнеме себеси или пак на нашите сакани.
Станува збор за неколку вообичаени, секојдневни ситуации што може да се претворат во неволји кои нормално, пожелно е да ги избегнеме. Што значи, подобро ќе биде да се вооружиме со инструкции за нивно избегнување:
Не истурајте течност за палење директно во отворен пламен
Опасно е да ја истурите течноста директно во отворен оган: може да добиете сериозни изгореници од ненадеен, брз пламен и оган. Почитувајте ги правилата за безбедност:
- Носете ракавици против горење или барем обични штитници за рацете што ги користиме во кујната.
- Истурете ја течноста за палење врз ладно дрво или јаглен и почекајте 2-3 минути истата да се апсорбира.
- Користете парче хартија за да го запалите огнот без да се наведнувате над него.
- Запалете пламен не повисок од 10-15 cm.
НАПОМЕНА: Палење оган во шуми е забранет и советот не се однесува за палење во недозволени предели. Може да ви послужи за палење скара во сопствениот двор.
Ако сте повредени или каснати од страна на животно, вакцинирајте се за тетанус
Болеста тетанус е предизвикана од бактеријата clostridium tetan која произведува два токсини опасни за луѓето, кои влијаат на нервниот систем и предизвикуваат грчеви и парализа. Оваа бактерија живее во цревата на животните, кои ја исфрлаат преку изметот и оттаму завршува во почвата и на разни предмети.
Тетанус, благодарение на вакцинацијата, е ретка, но смртоносна болест. Затоа, ако сте сериозно повредени, одете во најблиската итна помош. Ова е особено важно доколку поминале повеќе од 10 години од последната тетанус вакцина (или повеќе од 5 години при тешки повреди).
Не нуркајте и не влегувајте нагло во студена вода по долго изложување на сонце
Доколку сте изложени на сонце подолг временски период, влезете во водата полека и постепено. При остар пад, односно нагла промена на температурата, може да ја изгубите свеста, што е особено опасно во вода.
Заштитете се себе и саканите од топлотен удар во летните денови
Лесно е да се прегрееме кога времето е исклучително топло. Топлотниот удар може да се добие не само на сонце, туку и во затворени простории доколку температурата е висока. Знаците на прегревање вклучуваат вртоглавица, слабост, вознемиреност, конфузија, нејасен говор, гадење и повраќање. Јавете се кај вашиот лекар доколку се појават.
Не оставајте ги старите лица, децата и животните сами во затворен автомобил. Во автомобил што стои на сонце температурата може да достигне +49°C, дури и ако е +21°C надвор. Ова е доволно за да добиете топлотен удар опасен по живот за само неколку минути, дури и ако прозорецот е подотворен.
Размислете за слепата точка на возачот
Доколку огледалата, односно ретровизорите во автомобилот не се точно наместени, возачот може да не ги забележи другите учесници во сообраќајот поради слепата точка (делови од патот што не се видливи за него) и да ги допре при промена на коловозна лента или свртување.
Ако возите автомобил, правилно наместете ги страничните ретровизори.
Не им давајте аспирин на деца под 16 години
Децата под 16 години не треба да земаат аспирин поради ризикот од Рејев синдром, што е исклучително опасна состојба и најчесто се јавува кај деца и тинејџери. Консултирајте се со вашиот лекар и по негова препорака, заменете го аспиринот со други лекови.
Пијте ги лековите само со вода
Не земајте таблети со ништо друго освен со вода. Не е познато како ќе дејствува лекот доколку се меша со други течности. На пример, овошните сокови можат да ги ослабат или зголемат ефектите на лековитите компоненти. Затоа, пијте ги сите лекови со вода, освен ако лекарот не ви даде друга препорака.
Доколку почнете да се давите, никогаш не трчајте во тоалет или на друго место каде што нема луѓе
Ако почнете да се давите или задушувате, никогаш не трчајте во тоалетот за „да не се засрамите“. Во тоалетот може да се онесвестите или да се задушите. Слободно покажете дека итно ви е потребна помош.
(О)Милена | Црнобело