Живеат без струја и вода, шетаат голи секаде – секојдневието на пар од Англија кој промовира натуризам

Џон и Хелен Донсон се нудисти кои едноставно се измориле од носењето облека, па сега живеат како дел од нудистички клуб основан уште пред половина век, без струја и водовод - нивната цел е да се поврзат со природата и да станат посвесни за нивното опкружување.

zhiveat-bez-struja-i-voda-shetaat-goli-sekade-sekojdnevieto-na-par-od-anglija-koj-promovira-naturizam-01.jpg

Џон и Хелен живеат во The Pines Outdoor Club - клуб за нудисти сместен во селце во Англија. Клубот е основан во далечната 1972-ра, а наводно сега барале и нови членови. Но, парот нагласува дека целта на овој клуб не е само нудизмот, туку почитување на природата и целото опкружување.

Всушност, Џон и Хелен толку многу сакаат да ѝ се доближат на природата, што живеат без струја и без водовод. Истовремено, оние кои сакаат да станат дел од нудиситчкиот клуб, треба да бидат подготвени и да се грижат за околното земјиште.

higienata-e-najvazhna-zaedno-se-grizhime-za-zemjishteto-par-od-anglija-zhivee-vo-nudistichki-klub-bez-struja-i-vodovod-04.jpg

„Сме биле во многу други нудистички клубови и на разни нудистички патувања, но за нас ова е нашиот дом. Сепак, ова не е место за секого, најмногу бидејќи нема водовод, нема струја и е сместено далеку од сè.

Ова не е место каде што може да дојде кој било, да си ја соблече облеката и потоа да си замине. Ако станете член на клубот, од вас се очекува да помагате во одржување на земјиштето што го поседуваме, а ретко кој го сака тоа“, вели 68-годишниот Џон.

higienata-e-najvazhna-zaedno-se-grizhime-za-zemjishteto-par-od-anglija-zhivee-vo-nudistichki-klub-be_1_2.jpg

55-годишната Хелен вели дека отсекогаш мразела да носи облека, но станала нудист дури во 2006. Во 2011-та, пак, му го покажала овој начин на живот на Џон.

„Имав живеено и работено во многу блиски заедници каде што моравме да делиме туш-кабини, тоалети, спални… Па веќе бев навикнат на тоа“, вели Џон за неговите почетоци во клубот.

Кога Хелен првпат го однела во клубот, Џон забележал дека само тој носи облека, па без двоумење ја соблекол.

„Всушност, ми беше непријатно што само јас имам облека додека сите околу мене беа голи. Ми беше логично и јас да се соблечам“.

higienata-e-najvazhna-zaedno-se-grizhime-za-zemjishteto-par-od-anglija-zhivee-vo-nudistichki-klub-bez-struja-i-vodovod-07.jpg

Имотот на којшто е сместен нудиситчкиот клуб е прилично голем и парот открива дека овде често гледаат и диви животни, неретко и загрозени видови со кои се однесуваат особено внимателно. Истовремено, сите кои станале членови на клубот, со текот на времето се претвориле во врвни градинари и научиле многу за дивиот свет.

higienata-e-najvazhna-zaedno-se-grizhime-za-zemjishteto-par-od-anglija-zhivee-vo-nudistichki-klub-bez-struja-i-vodovod-09.jpg

higienata-e-najvazhna-zaedno-se-grizhime-za-zemjishteto-par-od-anglija-zhivee-vo-nudistichki-klub-bez-struja-i-vodovod-10.jpg

Поради начинот на живот, Хелен и Џон сметаат дека за нивниот начин на живот, „натуризам“ е многу подобар збор од нудизам.

„Нудистите се луѓе кои само ја соблекуваат облеката и, за разлика од нас, не се грижат за она што е околу нив“, вели Џон.

higienata-e-najvazhna-zaedno-se-grizhime-za-zemjishteto-par-od-anglija-zhivee-vo-nudistichki-klub-bez-struja-i-vodovod-02.jpg

Парот вели дека иако немаат водовод, во клубот владеат строги правила за хигиена.

„Сите имаме свои столчиња и крпи. Ако ја соблечеме облеката, ставаме крпа кога сакаме да седнеме на стол. Потоа, овие крпи мора да се исперат“, споделува Џон.

higienata-e-najvazhna-zaedno-se-grizhime-za-zemjishteto-par-od-anglija-zhivee-vo-nudistichki-klub-bez-struja-i-vodovod-03.jpg

Парот вели дека иако нивните блиски пријатели и членови на семејството го разбираат нивниот начин на живот, неретко се соочуваат со критики, но и заблуди за нудизмот.

Всушност, некои луѓе сакале да станат членови на клубот мислејќи дека таму ќе имаат секс. Но, како што вели Џон, нудизмот е начин на живот, а не нечиј фетиш.

„Имавме и ќе имаме понуди од луѓе кои сакаат да станат дел од клубот од таа причина. Внимателно ги избираме новите членови и се случило да примиме погрешни личности, но не траеле долго бидејќи навреме ги забележуваме предупредувачките знаци“.

higienata-e-najvazhna-zaedno-se-grizhime-za-zemjishteto-par-od-anglija-zhivee-vo-nudistichki-klub-bez-struja-i-vodovod-08.jpg

Џон вели дека често налетува на коментари од стилот „ти си таму за да ги гледаш другите жени“, но вели дека нудизмот нема никаква врска со тоа.

„Тоа е типичен стереотип за сите машки нудисти. Кога, пак, ќе им ја објаснам целата наша филозофија, станува јасно дека тогаш не им е интересно“.

Џон вели и дека неретко луѓето му велат дека не би можеле да бидат нудисти бидејќи немале убаво тело. Во овие ситуации, тој се обидува да им објасни дека нудизмот нема никаква врска со изгледот на телото, туку целта е да се поврзат со природата.

Џон и Хелен овде ја направиле и нивната венчавка.

higienata-e-najvazhna-zaedno-se-grizhime-za-zemjishteto-par-od-anglija-zhivee-vo-nudistichki-klub-bez-struja-i-vodovod-06.jpg

Дали вие би живееле во ваква заедница?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
Најбизарните рекорди во светот (кои не треба да пробате да ги срушите) Дали би се осмелиле да поминете 10 дена затворени во ковчег? А, дали би ставиле ...
Секојдневни работи што не сме свесни дека ги правиме погрешно Знаевте ли дека постои попрактичен начин за ставање на освежувачот во тоалетната...
Поминала 6 часа на -20˚C и замрзнала, но била спасена: Како преживеала Џин Хилијард од Минесота? Во 1980-та, Џин Хилијард од Минесота замрзнала „како коцка мраз“ откако поминала...
Морничава исповед на жена: „Моите родители беа сериски убијци – ја убија и сестра ми“ „Сакав да побегнам од Англија во Австралија, но не ми дозволија влез во државата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg