Драстичните животни промени што ни се случуваат во период од 20 години, низ илустрации

На 16 години правевме драми и „бегавме“ од дома кога ќе се скаравме со родителите, но две децении подоцна темелното чистење на домот ни е многу подобра терапија во стресните денови.

drastichnite-zhivotni-promeni-shto-ni-se-sluchuvaat-vo-period-od-20-godini-niz-ilustracii-01.jpg

За момент размислете колку се имате променето во последните 12-тина месеци. Не само физички, туку колку се променил и вашиот карактер, вашиот начин на размислување. Можеби не станува збор за огромни промени, но факт е дека по само една година, вие не сте потполно истата личност.

Сте доживеале нови нешта, сте искусиле нови работи, сте се нашле во нови ситуации – сето ова има влијание врз вас, ве гради како личност и со текот на времето ве менува.

Сега, пак, помислете колку се имате променето во последната деценија. А, колку се имате променето од периодот кога бевте тинејџери?

Ние луѓето, сакале или не, постојано се менуваме. Се менуваат нашите потреби, нашите желби, нашите сфаќања и иако на почетокот не ги ни забележуваме овие промени, по неколку години стануваат повеќе од очигледни.

Илустрациите во продолжение, пак, одлично ги доловуваат животните промени што ги искусуваме сите во период од 20-тина години:

Со возраста, се менуваат нашите желби, но изгледа секогаш копнееме по повеќе време за себе

drastichnite-zhivotni-promeni-shto-ni-se-sluchuvaat-vo-period-od-20-godini-niz-ilustracii-02.jpg

Се менува и начинот на којшто се справуваме со емоциите

drastichnite-zhivotni-promeni-shto-ni-se-sluchuvaat-vo-period-od-20-godini-niz-ilustracii-03.jpg

Кога станува збор за љубовни врски и партнери, како што старееме, стануваме (многу) попребирливи

drastichnite-zhivotni-promeni-shto-ni-se-sluchuvaat-vo-period-od-20-godini-niz-ilustracii-04.jpg

Постепено сфаќаме дека сепак не знаеме сè

drastichnite-zhivotni-promeni-shto-ni-se-sluchuvaat-vo-period-od-20-godini-niz-ilustracii-05.jpg

На 16 имаме отечено лице од плачење по изгубената љубов, на 26 од лудите забави до утринските часови, а на 36… па, поради возраста и проблемите кои доаѓаат

drastichnite-zhivotni-promeni-shto-ni-se-sluchuvaat-vo-period-od-20-godini-niz-ilustracii-06.jpg

Некои работи засекогаш остануваат исти

drastichnite-zhivotni-promeni-shto-ni-se-sluchuvaat-vo-period-od-20-godini-niz-ilustracii-07.jpg

А некои работи стануваат подобри

drastichnite-zhivotni-promeni-shto-ni-se-sluchuvaat-vo-period-od-20-godini-niz-ilustracii-08.jpg

Но не заборавајте дека, сепак, некои работи се влошуваат…

drastichnite-zhivotni-promeni-shto-ni-se-sluchuvaat-vo-period-od-20-godini-niz-ilustracii-09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg