11 работи кои прават да бидете несреќна личност

Што правите погрешно? Зошто се чувствувате како несреќна личност? Некои потези навистина можат да ви го загорчат животот...

11-raboti-koi-pravat-da-bidete-nesrekjna-lichnost-01.jpg

Дали чувствувате дека сами си ја уништувате среќата? Правите ли работи што ве прават несреќни?

- Се плашите да пробате некои работи затоа што ви е страв од несупех и ви е страв да не испаднете „будала“.

- Комуницирате со негативни, токсични луѓе и низ глава постојано си ги премотувате нивните критки, лоши сценарија и ги гледате работите на начинот на кој тие ги гледаат.

- Многу сте скептични и верувате дека луѓето секогаш имаат скриени мотиви и со тоа си доадавате стрес и анксиозност во животот.

- Се обвинувате себеси за сè што ќе тргне во лоша насока и тонете во негативна енергија од фокусирањето на своите недостатоци.

- Постојано се споредувате со другите и се натпреварувате, па потоа сте огорчени, незадоволни и неблагодарни за тоа што го имате.

11-raboti-koi-pravat-da-bidete-nesrekjna-lichnost-02.jpeg

- Премногу сте оптоварени со тоа да се вклопите секаде, не се грижите за своите чувства, туку само се обидувате да им се допаднете на другите.

- Мислите дека сте „малер“, односно дека само вие немате среќа во животот, дека сите ве мразат и дека вам ви е најлошо.

- Не можете да ги пуштите работите, односно не ги заборавате грешките, не можете да им простите на тие што ве повредиле и држите бес и лутина во себе.

- Лесно дозволувате луѓето да ве убедат во нешто и се откажувате од своите желби и соништа.

- Светот го гледате во црно – бело и заборавате дека помеѓу има уште милион нијанси.

- Губите време на безначајни работи, како што се социјалните мрежи, наместо да излезете во природа.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи од кои жените се згрозуваат кога ќе влезат во стан на некој маж Обвивки од искористени кондоми. Фрижидер преполн со алкохол, без воопшто храна в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg