10 животни моменти низ кои добрите пријатели стануваат уште поблиски
Лесно е да дојдете до добри пријатели, но најдобрите не се наоѓаат, туку ги создава животот.
Ова се 10 животни, а сепак секојдневни ситуации, низ кои се раѓа пријателството кое не се раскинува:
1. Редовни гости сте си на сите меѓусебни семејни собири. Чувствувате дека секогаш има место за вас.
2. Единствено тој/таа ги знае сите непријатности кои сте се плашеле да ги кажете гласно.
3. Без проблем си давате критики, но исклучиво конструктивни и издржани.
4. Кога има вмешано трет човек – секогаш си го чувате грбот.
5. Отворено разговарате на тема љубов и секс, без љубомора.
6. Тој/таа е првата личност на која се јавувате по големиот успех, но и по најболното раскинување.
7. Меѓусебно си доверувате тајни кои знаете дека никаде нема да излезат.
8. Заедно ги поминувате тешките периоди.
9. Ја планирате иднината заеднички.
10. Можете да седите во тишина и сепак да се чувствувате пријатно.
М. Д. | Црнобело