Што открива омилената положба на спиење за вашиот карактер, а што за вашето здравје?

Минуваме речиси третина од нашите животи во спиење, па нормално дека начинот на спиење ќе има влијание врз многу аспекти од нашето секојдневие.

shto-otkriva-omilenata-polozhba-na-spienje-za-vashiot-karakter-a-shto-za-vasheto-zdravje-01.jpg

Досега се направени илјадници истражувања за спиењето кои ни помогнаа да научиме многу за нас. Со некои од нив, пак, научниците успеале да откријат и кои карактеристики им се заеднички на луѓето кои спијат на одреден начин.

Истовремено, бидејќи секоја положба на спиење си има предности и недостатоци, донекаде може да се предвиди со кои здравствени проблеми би се соочиле во зависност од начинот на којшто спиете.

Па, погледнете што кажува за вашето здравје и вашиот карактер вашата омилена положба за спиење:

Спиење на грб

Карактер: Ако спиете на грб со рацете поставени покрај телото, тогаш најверојатно сте затворена личност која ја цени својата приватност. Ако спиете со раширени раце, тогаш сте отворена и опуштена личност. Генерално, луѓето кои спијат на грб си поставуваат високи стандарди и се одлични слушатели.

Здравје: Луѓето кои спијат на грб обично немаат болки во овој дел од телото. Бидејќи во оваа положба телото е најдобро поставено, тие ретко имаат и проблеми со вратот.

shto-otkriva-omilenata-polozhba-na-spienje-za-vashiot-karakter-a-shto-za-vasheto-zdravje-02.JPG

Спиење на стомак

Карактер: Вие сте уникатна личност која сака да ги забавува другите. Сигурно имате огромна самодоверба и сте екстроверти, но одвреме-навреме сакате да се затворите во вашата школка. Истовремено, и покрај самодовербата, многу тешко ги поднесувате критиките од другите.

Здравје: Луѓето кои спијат на стомак доста често имаат проблеми со грбот, но и вратот. Можно е да им се појават и брчки порано во животот, бидејќи во текот на целата ноќ лицето им е „залепено“ за перницата. Но од друга страна, помала е веројатноста да ’рчат или да се соочат со апнеја.

shto-otkriva-omilenata-polozhba-na-spienje-za-vashiot-karakter-a-shto-za-vasheto-zdravje-03.JPG

Спиење на страна

Карактер: Обично овие луѓе изгледаат силно, па дури и непристапно однадвор, но всушност се нежни личности кои неретко се соочуваат и со анксиозност. Ако спиете на страна, веројатно сте посрамежлива личност, која секогаш им го мисли најдоброто на саканите.

Здравје: Наводно, мнозинството луѓе спијат на страна, чувствуваат неколку придобивки од тоа, вклучувајќи помалку болки во грбот и помал ризик од ’рчење. Но обично, овие луѓе можат да имаат проблеми со дишењето бидејќи оваа положба создава притисок на дијафрагмата.

shto-otkriva-omilenata-polozhba-na-spienje-za-vashiot-karakter-a-shto-za-vasheto-zdravje-04.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg