Неколку докажани причини зошто одвреме-навреме е добро да бидете и мрзливи

Денес живееме во општество каде што продуктивноста е едно од најважните нешта, па не сте единствените ако не знаете како да се релаксирате.

nekolku-dokazhani-prichini-zoshto-odvreme-navreme-e-dobro-da-bidete-i-mrzlivi-01.jpg

Огромен број луѓе чувствуваат некаков немир кога сакаат да одморат, дури и кога немаат буквално ниту една обврска. Сите сметаат дека што и да прават, треба да биде продуктивно и скоро никој не си дозволува да ужива во некое безначајно хоби, а уште помалку да седи со своите мисли и да биде мрзлив.

Но науката одново и одново докажува дека нам всушност ни годи одвреме-навреме да заборавиме на сите обврски и да си дозволиме да бидеме мрзливи. Ова време на релаксација ни помага да се справиме со стресот од секојдневието, да ги наполниме батериите и да се подготвиме за новите предизвици.

Затоа, погледнете неколку причини зошто некогаш треба да бидете и мрзливи:

Полесно справување со стресот

Колку повеќе го одложувате „менталниот одмор“, толку сте поизложени на стрес и со тоа го зголемувате ризикот од анксиозност, па дури и депресија.

Непродуктивното, односно времето поминато во релаксација може да ви помогне да се справите со стресот и да се чувствувате многу подобро. Причината за ова е едноставна – активностите кои обично ги перципираме како „мрзливи“ (гледање филм, играње видеоигри, дремење...) го одмараат вашиот мозок и прават да се чувствувате подобро и посреќно.

nekolku-dokazhani-prichini-zoshto-odvreme-navreme-e-dobro-da-bidete-i-mrzlivi-02.JPG

Поголема ефикасност

Кога вистински ќе го одморите мозокот, нормално дека потоа ќе бидете многу попродуктивни.

Покрај тоа, ако се соочувате со некој проблем и си дадете време да се релаксирате и добро да размислите за ситуацијата, многу полесно ќе најдете решение.

Зголемена креативност

Знаевте ли дека мечтаењето, без разлика дали за следното патување, вашиот дом од соништата или што било друго, ја стимулира вашата креативност?

Покрај тоа, кога ќе му дозволите на мозокот да „лута“, тој самиот ќе почне да си бара конекции во вашите мисли, а ова може да ви помогне да си ја промените перспективата за некои работи и да биде извор на одлични идеи.

nekolku-dokazhani-prichini-zoshto-odvreme-navreme-e-dobro-da-bidete-i-mrzlivi-05.JPG

Подобро ќе ги завршувате обврските

Во последно време доста популарен е мултитаскингот, но овој начин на работа не им годи на сите. Всушност, повеќето луѓе кои сакаат да прават неколку работи одеднаш чувствуваат повеќе стрес, а бидејќи фокусот им е на повеќе нешта, поголема е веројатноста да направат грешка.

Некогаш, пак, многу подобро е да си дозволите да бидете мрзливи и да размислувате за задачата, наместо неуморно да работите без резултат. На овој начин добро ќе ги согледате предностите и недостатоците и веројатно ќе најдете и полесен начин да ја завршите задачата.

Дури и Бил Гејтс има дадено интересна изјава за мрзливоста и завршувањето на обврските:

„Одбирам мрзлива личност да заврши тешка работа, бидејќи мрзливата личност секогаш ќе најде полесен начин да ја заврши“.

nekolku-dokazhani-prichini-zoshto-odvreme-navreme-e-dobro-da-bidete-i-mrzlivi-04.JPG

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

14 вознемирувачки мисли кои ги имаат психопатите во глава (и ќе ве наежат) „Твојата болка не ми значи ништо“... За психопатите, гледањето на нечие физичко ...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg