Неколку докажани причини зошто одвреме-навреме е добро да бидете и мрзливи
Подобро расположение и зголемена толеранција
Некогаш е доволно да си дозволите да бидете мрзливи само 10-тина минути, за веднаш да ги почувствувате придобивките.
Истражувањe од Универзитетот во Мичиген покажало дека овој краток одмор, уште подобро ако е придружен со дремка, драстично го подобрува расположението и толеранцијата на стресот.
Полесно ќе решавате комплексни проблеми
Сигурно сте забележале дека кога упорно мислите на некој сериозен проблем, тешко ви е да најдете решение. Но кога ќе се оддалечите од проблемот, макар и на многу краток период, решението како да си доаѓа самото од себе.
Наводно, кога се релаксираме и кога сме мрзливи можеме појасно да ја согледаме ситуацијата во којашто се наоѓаме, а со тоа и полесно ќе најдеме решение.
Може да биде знак за интелигенција
Истражување од 2015 година покажало дека луѓето кои се помрзливи можеби се поинтелигентни од луѓето кои постојано се физички активни. Според истражувачите, мрзливите луѓе сакаат да размислуваат и не им е проблем да поминат часови со нивните мисли.
Кога, пак, размислуваат им се раѓаат многу нови идеи, наоѓаат решенија за разни проблеми, бараат конекции во секојдневието, а сето ова е знак за висока интелигенција.
Подобро планирање
Според истражување од 2011, кога нашите мисли лутаат, неретко се фокусираат на иднината. Со ова, пак, дури и несвесно си правиме планови кои дефинитивно ќе ни бидат од корист.
Спирова С. | Црнобело