„Имам 195 сантиметри, маж ми е многу понизок од мене и луѓето зјапаат во нас на улица“

„Колку сакаат нека зјапаат во нас. Тој сака кога ќе облечам високи потпетици и горд е што јас сум негова сопруга“, вели Анастасија за својот 13 сантиметри понизок партнер.

imam-195-santimetri-mazh-mi-e-mnogu-ponizok-od-mene-i-lugjeto-se-chudat-koga-kje-ne-vidat-na-ulica-01.jpg

Анастасија Паршентшева потекнува од Казахстан, а живее во Москва, Русија. Таа е впечатлива поради висината од 195 сантиметри. Вели дека луѓето постојано зјапаат во неа по улиците, а многумина ја нарекуваат и жирафа.

30-годишната манекенка е многу повисока од останатите жени каде и да се појави.

imam-195-santimetri-mazh-mi-e-mnogu-ponizok-od-mene-i-lugjeto-se-chudat-koga-kje-ne-vidat-na-ulica-08.jpg

„Отсекогаш бев многу висока и секогаш бев меѓу највисоките и во училиште и на факултет. Луѓето ме исмејуваа често и тоа ме вознемируваше. Сакав да ја сокријам својата висина и никогаш не облекував високи потпетици. Но, сега одам со високо крената глава и горда сум на себе и својот изглед. Токму висината ми помогна да се истакнам кога почнав кариера на модел.

Стоејќи до исто така високи жени сфатив дека ние сме уникатни и дека висината ни е дар од природата. Конечно се вљубив во себе и во својата униактност, а особено ги обожавам моите долги нозе.“

imam-195-santimetri-mazh-mi-e-mnogu-ponizok-od-mene-i-lugjeto-se-chudat-koga-kje-ne-vidat-na-ulica-05.png

Пред две години Анастасија го запознала својот сегашен сопруг Сергеј преку Инстаграм и по кратка и бурна романса се спакувала и се преселила во Русија.

imam-195-santimetri-mazh-mi-e-mnogu-ponizok-od-mene-i-lugjeto-se-chudat-koga-kje-ne-vidat-na-ulica-04.png

Сергеј е висок 182 сантиметри и тоа е одлична висина за маж, но од својата сакана е доста понизок, па затоа луѓето постојано зјапаат во нив кога се движат по улиците.

imam-195-santimetri-mazh-mi-e-mnogu-ponizok-od-mene-i-lugjeto-se-chudat-koga-kje-ne-vidat-na-ulica-02.png

Анастасија вели: „На почетокот на двајцата ни беше неудобно затоа што разликата во висина беше необична, но по извесен период престанавме да обрнуваме внимание на тоа. Не ни пречи, се сакаме и да не бев толку висока можеби немаше воопшто да ме забележи и да бидеме заедно. Не ни е грижа што мислат луѓето. Колку сакаат нека зјапаат во нас. Тој сака кога ќе облечам високи потпетици и горд е што јас сум негова сопруга“.

imam-195-santimetri-mazh-mi-e-mnogu-ponizok-od-mene-i-lugjeto-se-chudat-koga-kje-ne-vidat-na-ulica-03.png

Повеќе фотки од Анастасија:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Фотки кои ќе ви ја вратат вербата во човештвото (и ќе ве расположат) Принцезата Дијана се ракува со маж болен од СИДА, Марлон Брандо го одбива Оскаро...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg