Домаќинка (22) со хит видео му одговори на партнерот: „Кога ќе ми каже дека не правам ништо цел ден“
22-годишна мајка сподели вирално видео на кое покажува колку обврски има во денот, откако момчето ѝ рекло дека не прави ништо бидејќи не оди на работа, со цел да им покаже на другите мажи зошто треба да ги ценат партнерките домаќинки.
Поради некоја причина, многу луѓе уште веруваат дека жените кои остануваат дома за да се грижат за децата и домот не прават ништо во текот на денот.
Тие забораваат дека овие жени во текот на денот мијат садови, чистат, ја средуваат секоја просторија, прават ручек, менуваат пелени и прават уште стотици работи и обично немаат воопшто време за себе.
Неретко, жените домаќинки имаат исто толку обврски како и нивните партнери кои одат на работа. Всушност, овие жени немаат работно време, но работат низ домот од утро до мрак и навистина е тажно кога нивните партнери не го разбираат тоа.
Во ваква ситуација се нашла една млада мајка која одлучила да не оди на работа, туку да се грижи за нејзините деца. Во семејството, нејзиното момче е изворот на приходи, а таа е задолжена за домашните и обврските околу децата.
Но, момчето ѝ рекло дека таа не правила ништо во текот на денот додека тој одел на работа, па сакајќи да му докаже колку греши, младата мајка направила видео. Видеото е направено од неколку тајмлапс инсерти во кои мајката си ги завршува обврските во домот – од миење садови и чистење, до грижа за малите дечиња.
Видеото го објавила на ТикТок и досега е прегледано над 2 милиони пати.
„Момчето вели дека јас не правам ништо додека тој работи цел ден. Па решив да направам видео од сите работи што ги правам“, вели мајката на почетокот од видеото.
„Еве ме како мијам садови и ѝ давам ручек на ќерката. Ѝ правам смути со овошје и зеленчук за да јаде. Ја чистам кујната, па му ја менувам пелената на синот. Потоа ја подготвувам ќерката за бањање, ѝ ја мијам косата. Ѝ облеков пижами. Многу е пребирлива за облеката што ја носи. Потоа треба да облечеме чорапи, па таа одбира кој пар го сака. Потоа сакаше да гледа телевизија.
Го сместив син ми во креветчето, па диплев облека. Потоа требаше да ја исчистам трпезаријата, па местото каде што ја хранам ќерката, па да ја однесам во кревет. Ѝ кажав добра ноќ и пробав да ја исчистам дневната. Но, на синот постојано му требаше внимание. Потоа вечерав.
Додека го држев синот, сфатив дека треба да му ја сменам пелената. Потоа ја дојадов вечерата, го нахранив, па го облеков. Откако му го дадов шишето заспа, па го однесов во кревет.
Потоа продолжив да го чистам нередот. Го сметив подот, го исчистив со џогер и обично откако ќе завршам со тоа го прашувам момчето што сака за вечера. Но вечерва само ќе си ставам пијачка“, зборува мајката во видеото.
На крај, таа ги критикува сите мажи кои не ги ценат нивните партнерки и не сфаќаат колку всушност тие работат низ домот.
@sierra_not_ciara I just want to feel appreciated... ? so many things I didn’t even record. Tik tok I am 22 stop taking this down for drinking .
♬ Get You The Moon - Timmies
Во описот на видеото, пак, 22-годишната мајка напишала: „Само сакам да се почувствувам ценето… Многу работи не ни снимав“.
Видеото почна да се споделува насекаде, а сите кои коментираат ја поддржуваат младата мајка, а дури споделуваат и нивни искуства.
„Најпрво, нејзиното момче кажало ужасно нешто. Родителството бара да бидете достапни 24/7, а таа мора да ги заврши и сите домашни обврски. Треба да ѝ даде поголема поддршка, наместо да го потценува она што го прави“.
„Мојот поранешен сопруг беше таков. Морав постојано да се грижам за ќерка ни, бидејќи тоа ми беше работа. Не сфатив колку всушност ме малтретирал бившиот сè додека не се разделивме. Секогаш пробуваше да ме повреди, ги контролираше сите пари…“
„Голем дел од домашните обврски се работи што никој не ги забележува сè додека не треба да ги направи“.
„Зошто воопшто се обидуваш да му докажуваш? Што прави тој во домот? Да сум на твое место ќе го оставам“.
„Ако живееш со партнер, без разлика дали сте во брак или не, не е важно кој заработува. Важно е и двајцата да придонесувате. Ако овој маж мисли дека девојка му не прави ништо бидејќи тој ги заработува парите, тогаш нека си најде нов партнер“.
„Ѝ треба ново момче. Мајчинството е работа со полно работно време. Ако тој не може да го цени тоа, нека си најде некој што ќе може“.
Спирова С. | Црнобело