Дрски и безобразни работи што ги прават луѓето, а на сите им одат на нерви
Влегувате во автобус преморени од работа, но не можете да седнете бидејќи некој сакал да се испружи, па зафатил две седишта. Одите во маркет и сакате да го паркирате автомобилот, но некој си ја оставил количката за пазарење среде паркинг.
Влегувате во маркетот, но никако не можете да стигнете до рафтот што ви треба, бидејќи двајца пријатели сметаат дека е сосема во ред да почнат да зборуваат за ланскиот одмор среде продавница, не дозволувајќи им на другите да поминат.
Иако сите уште од најрана возраст нè учат да бидеме културни и да ги земаме предвид и другите кога сме на јавно место, дрското и безобразно однесување на луѓето е секојдневие. Скоро сите налетуваме на барем една ваква личност во текот на денот и најлошото од сè е тоа што ако се обидеме да ѝ укажеме на грешката на што е можно покултурен начин, најверојатно само ќе започнеме расправија.
Бидејќи и форумџиите на Редит секојдневно се соочуваат со вакви луѓе, некои од нив решиле и да почнат да ги фотографираат и да ги објавуваат.