25 работи кои треба да си ги кажеме секој ден
Време е да зајакнете, да бидете храбри, конечно да се искачите на скалилото кое одамна го мислите...
Кажете си ги овие 27 работи секој ден, почнувајќи од денес:
1. Сите луѓе се убави, само не на секого.
2. Секое тело е тело за костим за капење или шорц.
3. На некој му се допаѓа слабо тело, на некого заоблено тело. Додека сте здрави, може да изгледате како сакате.
4. Кремите против целулит нема да ви направат магија преку ноќ. Пијте вода. И не ги прекрстувајте носете.
5. Одмори. Доста е.
6. Сè е супер додека имате симпатија. Дури и ако тоа е згоден Италијанец од Инстаграм.
7. Сексот е најубавата природна активност на светот, а не уште една табу тема.
8. Океј е да биде и адвокат и адвокатка, додека сам бираш.
9. Сите години се години за здолниште.
10. Не сум ниту јас во право, ниту ти.
11. Проверете си ги интимните делови за можни болести.
12. Пред да плукнеш по некоја феминистка, земи нешто прочитај, научи.
13. Што ти е грижа кој кого сака, додека има љубов?
14. Пиј вода.
15. Не ја стискај вилицата.
16. Диши длабоко.
17. Прати ја пораката.
18. Кажи не.
19. Кажи да.
20. Прекрасен човек си.
21. Јади што ти се јаде, само немој да си ги јадеш нервите и внатрешноста од устата.
22. Оди кај психолог.
23. Заљуби се, слободно.
24. Признај си кога ќе престанеш да сакаш некого.
25. Сè ќе биде добро.
М. Д. | Црнобело