Чорапи, сирење, растенија – најлудите и најнеобичните автомати од целиот свет (фото)
Модерните автомати постојат повеќе од еден век и додека на почетокот се користеле само за разгледници, денес од нив можете да купите скоро сè - од кафе, до месо и храна за вашето куче.
Автоматите се доста практичен изум и денес ги има насекаде. Првите „модерни“ автомати кои работеле со монети биле инсталирани во Лондон во 1880-тите и служеле за продавање разгледници.
Набрзо станале вистински хит низ автобуските и железничките станици, по некое време почнале да се користат и за продавање пликоа и хартија за пишување, а биле поставувани и во пошти.
Во 1893, германска компанија почнала да продава чоколадо со автомати и по некое време почнале да се користат и автомати за цигари, кибрит и гума за џвакање.
Со текот на времето автоматите почнале да се прославуваат низ целиот свет и да се користат за продавање на практично сè – од храна, до продукти за хигиена.
Автоматите се честа појава и кај нас, но обично се за храна и пијалаци. Но, ширум светот постојат автомати за најнеобичните работи, како јајца, храна за кучиња, па дури и парче торта.