8 работи кои ве прават попривлечни според науката, низ илустрации
Смисла за хумор, одлики на лидер, многу пријатели - некои одлики прават да бидете многу попривлечни во очите на другите, без разлика како изгледате.
Убавината е субјективна и факт е дека никогаш нема да им се допаѓаме на сите. Но, факт е и дека секој сака да изгледа привлечно во очите на другите, особено кога станува збор за личност што му/ѝ се допаѓа. Па дали постои нешто што може да ве направи попривлечни, а нема врска со вашиот изглед?
Всушност постојат неколку одлики кои изгледаат мошне привлечно во очите на другите, без разлика како изгледа личноста.
Погледнете за кои одлики науката докажала дека прават да изгледате попривлечно:
Смисла за хумор
Скоро сите преферираат личност со добра смисла хумор – веројатно ова важи и за вас. Што значи, смислата за хумор дефинитивно ве прави привлечни во очите на другите.
Наводно, на жените секогаш повеќе им се допаѓаат мажи кои знаат како да ги насмеат. На мажите, од друга страна, не им е важна смислата за хумор, колку насмевката на жените. Односно, многу повеќе ги привлекуваат жени кои се насмеани.
Пријатели
Истражувачите од универзитетот во Калифорнија дошле до заклучок дека луѓето изгледаат многу попривлечно кога се опкружени со група пријатели. Овој феномен е познат и како „ефект на навивачки“ (сheerleader effect).
Според истражувачите, ова настанува поради неколку когнитивни феномени поради кои нашиот мозок ги перципира индивидуалните лица од групата како поубави, бидејќи ги споредува едно со друго и самиот си прави некаков „просек“ кој нам ни изгледа убаво. Па, дури и да станува збор за личност која обично не би ве привлекла, ако ја видите во група, ќе ви изгледа попривлечно.
Држење на телото
Држењето на телото може да има големо влијание врз првиот впечаток. Ако, на пример, застанете исправено и со малку раширени раце кога запознавате некого, новиот познаник ќе ве перципира како отворена и ведра личност, а со тоа ќе изгледате и попривлечно во неговите очи.
Обострана комуникација
Според Scientific American, во 60% од разговорите со другите, луѓето сакаат да зборуваат за себе. Бројката се искачува на 80% кога станува збор за онлајн комуникација преку Фејсбук и слично. Причината за ова е едноставна – прави да се чувствуваме убаво – но може да биде проблем ако сакате да освоите некого.
Имено, ако постојано зборувате за себе и не му давате простор на соговорникот да сподели нешто, кога-тогаш ќе му станете досадни или одбивни.
Од друга страна, ако му дадете можност на соговорникот да зборува за себе, уште подобро ако вие му поставувате прашања кои ќе го поттикнат да каже нешто, ќе изгледате многу попривлечно во неговите очи.