8 работи кои ве прават попривлечни според науката, низ илустрации

Смисла за хумор, одлики на лидер, многу пријатели - некои одлики прават да бидете многу попривлечни во очите на другите, без разлика како изгледате.

8-odliki-koi-ve-pravat-poprivlechni-spored-naukata-niz-ilustracii-01.jpg

Убавината е субјективна и факт е дека никогаш нема да им се допаѓаме на сите. Но, факт е и дека секој сака да изгледа привлечно во очите на другите, особено кога станува збор за личност што му/ѝ се допаѓа. Па дали постои нешто што може да ве направи попривлечни, а нема врска со вашиот изглед?

Всушност постојат неколку одлики кои изгледаат мошне привлечно во очите на другите, без разлика како изгледа личноста.

Погледнете за кои одлики науката докажала дека прават да изгледате попривлечно:

Смисла за хумор

Скоро сите преферираат личност со добра смисла хумор – веројатно ова важи и за вас. Што значи, смислата за хумор дефинитивно ве прави привлечни во очите на другите.

Наводно, на жените секогаш повеќе им се допаѓаат мажи кои знаат како да ги насмеат. На мажите, од друга страна, не им е важна смислата за хумор, колку насмевката на жените. Односно, многу повеќе ги привлекуваат жени кои се насмеани.

8-odliki-za-koi-naukata-dokazha-deka-ve-pravat-poprivlechni-niz-ilustracii-02.JPG

Пријатели

Истражувачите од универзитетот во Калифорнија дошле до заклучок дека луѓето изгледаат многу попривлечно кога се опкружени со група пријатели. Овој феномен е познат и како „ефект на навивачки“ (сheerleader effect).

Според истражувачите, ова настанува поради неколку когнитивни феномени поради кои нашиот мозок ги перципира индивидуалните лица од групата како поубави, бидејќи ги споредува едно со друго и самиот си прави некаков „просек“ кој нам ни изгледа убаво. Па, дури и да станува збор за личност која обично не би ве привлекла, ако ја видите во група, ќе ви изгледа попривлечно.

8-odliki-za-koi-naukata-dokazha-deka-ve-pravat-poprivlechni-niz-ilustracii-03.JPG

Држење на телото

Држењето на телото може да има големо влијание врз првиот впечаток. Ако, на пример, застанете исправено и со малку раширени раце кога запознавате некого, новиот познаник ќе ве перципира како отворена и ведра личност, а со тоа ќе изгледате и попривлечно во неговите очи.

8-odliki-za-koi-naukata-dokazha-deka-ve-pravat-poprivlechni-niz-ilustracii-04.JPG

Обострана комуникација

Според Scientific American, во 60% од разговорите со другите, луѓето сакаат да зборуваат за себе. Бројката се искачува на 80% кога станува збор за онлајн комуникација преку Фејсбук и слично. Причината за ова е едноставна – прави да се чувствуваме убаво – но може да биде проблем ако сакате да освоите некого.

Имено, ако постојано зборувате за себе и не му давате простор на соговорникот да сподели нешто, кога-тогаш ќе му станете досадни или одбивни.

Од друга страна, ако му дадете можност на соговорникот да зборува за себе, уште подобро ако вие му поставувате прашања кои ќе го поттикнат да каже нешто, ќе изгледате многу попривлечно во неговите очи.

8-odliki-za-koi-naukata-dokazha-deka-ve-pravat-poprivlechni-niz-ilustracii-05.JPG

Уште четири одлики на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg