8 работи кои ве прават попривлечни според науката, низ илустрации
Одлики на лидер
Обично на луѓето им се допаѓаат личности кои преземаат иницијатива и покажуваат добри лидерски способности. Добрите лидерски способности обично значат и голема самодоверба, интелигенција, зрелост – одлики што им се атрактивни на скоро сите.
Изрази на лицето
Научниците докажале дека насмевката, односно „среќниот“ израз на лицето може да ве направи попривлечни во очите на другите. Според резултатите, насмевката може да има толку голема моќ, што ќе направи да изгледате убаво и во очите на личност која не би ве сметала за привлечни.
Истражувањето покажало и дека колку поширока и поискрена е насмевката, толку попривлечно ќе ни изгледа личноста.
Добар однос кон другите
Добрината секогаш ќе биде привлечна, а тоа го имаат покажано и неколку истражувања. Според кинеските истражувачи, кога ќе слушнеме дека некој направил нешто добро и несебично, таа личност веднаш ни станува попривлечна.
Ценење на своето „јас“
Знаеме дека убавината е субјективна и она што е убаво за вас, може да биде најгрдото нешто за друга личност. Од ова е јасно дека никогаш нема да им бидете привлечни на сите.
Но, едно истражување покажало дека луѓето кои се свои, искрени кон себе, кои го ценат нивното „јас“ и не се обидуваат постојано да ги задоволат сите можат да бидат многу попривлечни во очите на другите, без разлика како изгледаат.
Спирова С. | Црнобело