Низ илустрации: 13 докази дека на жените не им е лесно – сите ќе се пронајдат
Илустраторката позната како Bloome Space прави реалистични илустрации во кои одлично ги доловува женските маки, особено оние поврзани со изгледот и модата.
Како мислиме дека изгледаме, а како изгледаме во реалноста? Што очекуваме кога порачуваме долна облека онлајн, а што всушснот добиваме? Како изгледаме веднаш штом ќе се разбудиме, а како половина час подоцна...
Оваа девојка на шеговит начин одлично ги претставува проблемите со кои се соочуваат сите останати девојки.
„Девојките се секогаш комплексни во врска со нивниот изглед: многу се слаби, а потоа многу дебели. Се измачуваме себеси со диети и не ги напуштаме теретаните, наместо еден ден да застанеме пред огледало и да ѝ речеме на нашата рефлексија: ’Ти си многу привлечна!‘ А, ова е најефикасниот начин да го надминеме чувство на несигурност – да се прифатиме себеси и нашето тело“, вели илустраторката.
Според неа, девојките се посебни во секој поглед и на уникатен начин се справуваат со животните предизвици. Во нејзините илустрации, пак, таа сака да ги нагласи сите маки поврзани со изгледот, но и секојдневието, со коишто се соочуваат девојките од целиот свет.
Бидејќи за илустрациите црпи инспирација од нејзиниот живот, илустраторката смета дека во нив ќе се пронајдат многу девојки.
Во продолжение погледнете дел од забавните илустрации: