Сапун на рачка, копче за паника: Чудни работи од јавните тоалети низ земјите во светот
Кај нас се користат течни сапуни, но во Кореја многу често во јавните тоалети може да видите сапун на метална рачка, кој е фиксиран и на кој треба да си ги истриете рацете.
Јавните тоалети се разликуваат од земја до земја и некои работи од тоалетите низ земјите во светот ќе ве изненадат, па дури и шокираат.
Чудни работи од тоалетите низ земјите во светот:
Необични сапуни на рачка во Кореја
Кај нас се користат течни сапуни, но во Кореја многу често во јавните тоалети може да видите сапун на метална рачка, кој е фиксиран и на кој треба да си ги истриете рацете.
Копче за паника во Јапонија
Ова е навистина корисно, особено кога постарите Јапонци имаат потреба од помош во тоалетот. Но, странците често го мешаат ова копче со копчето за пуштање вода, па така по грешка праќаат сигнал до чуварите кои треба да направат проверка.
„Звучен“ систем во Јапонија
Некои жени во Јапонија се срамат дека другите може да ги чујат додека се во тоалет, па за намалување на стресот во јапонските јавни тоалети се поставува направа која испушта звук како на пуштање вода, за да не мора постојано да пуштаат вода за да го затскријат звукот и залудно да трошат вода.
Тоалети со чучнување уште постојат во многу места во Кина
Ова е особено тешко ако сте во кинески воз, може да имате проблем со балансот.
Хигиенски тушеви во Камбоџа
Интересно е што во Кабоџа ретко има јавни тоалети, а во тие што ги има често има тушеви наместо казанче за пуштање на вода.
Преносни тоалети на Антарктик
Откако ќе завршите со одење во тоалет, треба да притиснете на копче и отпадот се пакува во пластични ќеси. Потребни се 2 минути и потоа пакетот се фрла во отпад.
С. С. | Црнобело