„Си купив секс играчка и сега момчето ми се лути“ - исповеди на луѓе кои се скарале со партнерите за банални работи
Момче кое е љубоморно на постер од Џон Сноу, сопруга која потрошила 3.000 долари на козметички корекции, но се лути за новогодишна елка од 20 долари - некои луѓе навистина почнуваат караници со нивните партнери од најглупавите причини.
Сосема нормално е одвреме-навреме да не се согласувате со партнерот кога треба да купите нешто, но дали овие несогласувања ескалирале во огромна караница?
Можеби некогаш ќе купите нешто скапо за коешто партнерот ќе мисли дека е фрлање пари. Можеби некогаш вашиот партнер ќе купи нешто што поради која било причина ќе ви изгледа глупаво. Но сепак, веројатно нема да го заладите односот или да се разделите само поради нешто вакво.
За жал, некои луѓе се нашле и во ваква ситуација и започнале сериозни караници со партнерите само затоа што купиле нешто.
На апликацијата Whisper, каде што луѓето анонимно ги споделуваат нивните мислења и искуства за разни нешта, неколку корисници прозбореа за најглупавите караници што ги имале со нивните партнери бидејќи купиле нешто што не им се допаѓа.
Дел од исповедите можете да погледнете во продолжение:
„Бившата ми раскина бидејќи купив пица што не ѝ е допаѓа“.
„Девојка ми е толку лута на мене, што не ми ни зборува, бидејќи потрошив 40 долари на перница. Упс…“
„Си купив секс играчка и сега момчето се лути. Ја купив за да ја пробаме заедно, а не за да го заменам со неа“.
„Момчето не ми зборува бидејќи купив постер со Џон Сноу… Тој е измислен лик! Сигурно нема да те изневерам со него!“
„За Божиќ, му купив на момчето тоник за чистење лице и сега е многу гневен. Да, му треба тоникот, а и го зедов од многу добар бренд“.
„Си купив секси долна облека и момчето ми се налути… Ја купив со мои пари. Ми рече зошто сум си купила секси долна облека кога не сум стриптизета. Не знам што да кажам“.
„Момчето ми се налути бидејќи заборавив да купам леб со пилешкиот стек. Ми рече дека ’нема што да јаде‘. Го прашав дали може да го јаде стекот без леб, и ми рече ’Не‘. Се однесува како бебе“.
„Момчето мисли дека живееме во 1950-тите. Синоќа јас ја платив вечерата и уште ми се лути. Ниту треба, ниту сакам тој да плаќа за сè!“
„Сопругата ми се налути бидејќи си купив Play Station 4. Па, денес ѝ купив 20-тина рози, 6 колачиња и чоколадни јагоди. Сега сме во добри односи“.
„Си купив евтин прстен од сребро. Сопругот ми се налути бидејќи сум трошела многу пари“.
„Минатиот Божиќ сопругата ни се налути мене и на ќерката бидејќи купивме елка за 20 долари. Ни рече дека тие пари ни се потребни за Божиќ и плаќање сметки. Но, таа само што потроши 3.000 долари за козметички процедури“.
„Момчето ми рече дека ’треба да пораснам и да бидам одговорна со парите‘ бидејќи си купив храна додека бев излезена со пријателка. Во меѓувреме, тој троши огромни суми на видео игри и пиво“.
„Изминативе 5 години, девојката нема платено ниту за едно пржено компирче, но ми се налути бидејќи си купив рачен часовник“.
„Девојката ми се налути бидејќи си купив автомобил без да се консултирам со неа. Се налути уште повеќе кога ѝ кажав дека ратата е 690 долари месечно. Јас самиот го плаќам автомобилот, не знам што е проблемот“.
Спирова С. | Црнобело