Тато, ти благодарам што ме научи како живеат „сиромашните“ луѓе... – приказна која во себе крие голема лекција

Љубовта, единството, грижата и задоволството даваат поголем мир од секое богатство на светот.

tato-ti-blagodaram-shto-me-nauchi-kako-zhiveat-siromashnite-lugje-prikazna-koja-vo-sebe-krie-golema-lekcija-01.jpg

Но, понекогаш ни е потребен пример кој ќе ни покаже и ќе ни одржи одлична лекција, зарем не?!

Еден ден, татко на многу богато семејство го одвел својот син на патување низ околните села, со изразена цел да му покаже како живеат селаните, односно таканаречените „сиромашни“ луѓе.

Тие поминале неколку дена и ноќи на фарма чии сопственици се сметалe за едни од најработливите во селото.

Доволно е да знаеме дека таткото и синот биле пречекани и испратени со насмевки на лицата.

На враќање од патувањето, таткото го прашал својот син: „Синко, како беше патувањето?“

„Беше одлично, тато. Кога би дошле пак?“ – одговорил синот.

„За многу скоро време. Дали виде како живеат сиромашните луѓе?“ - прашал таткото.

„Ах да“ - рекол синот.

„Па, кажи ми, што научи од патувањето?“ – љубопитно „боцкал“ таткото.

Синот одговорил:

„Видов дека ние имаме едно куче, а тие имаат четири. Имаме базен што достигнува до средината на нашата градина, а тие имаат поток кој нема крај.

Имаме стотици фенери во нашата градина, а тие имаат илјадници ѕвезди навечер. Нашиот двор е голем, но тие пак го имаат целиот хоризонт. 

Имаме мало парче земја за живеење, а тие имаат полиња невидливи за нашите очи.

Имаме слуги кои ни служат, а тие си помагаат меѓусебно. Ние ја купуваме нашата храна, но тие ја произведуваат нивната.

Имаме sидови околу нашиот имот за да нè штитат, а тие го имаат целото село“.

Таткото на момчето останал без зборови, но на неговото лице тајно се протегала блага, задоволна насмевка.

Потоа, неговиот син додал: „Тато, ти благодарам што ми покажа колку всушност ние сме сиромашни“.

За нецели две недели младото момче, неговиот татко и мајка се преселиле во селото, близу фармата која ја посетиле.

Таткото му се обратил на својот син: „Драг сине, ова е местото каде што израснав. Сакам да те научам на сето она коешто го знам, а ти веќе ја научи најважната животна лекција: „Што значи да се биде човек!“.

Каде и да си, секогаш можеш да се вратиш и да уживаш во благодетите кои ги нуди природата. А јас, јас конечно сум дома“.

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg