„Тетка ми дојде на недела-две, но остана цела година“ – луѓе ги споделуваат најлошите искуства со гости

Кога одиме на гости, без разлика дали само за кратка дружба или преспивање, сите се обидуваме да се однесуваме добро. Ги почитуваме правилата на домаќините, гледаме да не направиме неред, а ако седиме повеќе денови, настојуваме да им помогнеме во средувањето на домот.

tetka-mi-dojde-na-nedela-dve-no-ostana-cela-godina-lugje-gi-spodeluvaat-najloshite-iskustva-so-gosti-01.jpg

Но, не ситe луѓе размислуваат вака, па многумина се нашле во ситуација кога биле принудени дури и да ги избркаат гостите.

Веројатно инспириран од некое вакво искуство, корисник на Редит го поставил прашањето: „Кое ви е најлошото искуство со некој гостин?“

Илјадници луѓе ја споделила нивната приказна, а во продолжение можете да погледнете дел од најинтересните одговори:

„Кога бев дете, тетка ми дојде на гости и требаше да биде кај нас недела-две, но не си замина скоро цела година. Целосно го промени изгледот на мојата соба, па дури и си закачи фотографии од неа“.

„Другар на брат ми ги пушти звучниците на татко ми на најсилно и ги расипа. Беа модел од 70-тите и немаше како да ги поправи. Потоа ја затна тоалетната школка и искористи неколку од килимите што ги направи баба за да ја собере водата. Потоа, обидувајќи се да ја сопре водата од школката, ја скрши. Во паника, се обиде да избега од кај нас, но бидејќи стапалата му беа влажни, се лизна и удри во ѕидот оставајќи пукнатина“.

„Еден поранешен пријател спиеше кај мене додека да се врати на нозе. Кога си замина, неговата соба беше одвратна, но најлошото беше кога најдов измет од мачка под тепихот, под полицата. Невозможно е неговата мачка таму да извршила нужда, што значи тој го скрил изметот под тепихот, па ја ставил полицата наместо да го исчисти“.

tetka-mi-dojde-na-nedela-dve-no-ostana-cela-godina-lugje-gi-spodeluvaat-najloshite-iskustva-so-gosti-02.jpg

„Чичо требаше да оди на патување, а претходно да поседи кај нас неколку денови. Наместо да оди на патувањето, реши да остане кај нас цело лето“.

„Една девојка беше на гости кај золвата и мислеше дека е интересно на шега да ѕвони во полиција. По некое време се јави гневен полицаец кој рече дека или да престанат да се јавуваат, или ќе испратат полицајци. Девојката повеќе никогаш не доби покана за кај золвата, а тогаш имаше 17 години, па сигурно знаела дека прави нешто лошо“.

„Кога со сопругот бевме на патување, неговата сестра се грижеше за нашиот дом. Кога се вративме нè пречекаа многу непријатни подароци – имаше цел куп пакетчиња од кондоми кои водеа до искористен кондом. Најлошото беше кога почувствував некој многу лош мирис што не можев да одредам што е. Кога конечно ја отворив фиоката во нејзината соба, забележав чинија со половина омлет кој се расипал. Се надевам дека само заборавила да исчисти кога си заминала. Како и да е, ѝ го зедовме клучот од нашата куќа“.

tetka-mi-dojde-na-nedela-dve-no-ostana-cela-godina-lugje-gi-spodeluvaat-najloshite-iskustva-so-gosti-03.jpg

„Наместо гостите да нè прашаат каде е тоалетната хартија, му дозволија на нивното дете да се избрише со крпите“.

„Кога ни се роди синот, свекрвата дојде на две недели за да ни ’помогне‘. Во двете недели што беше кај нас, не направи НИШТО. Миење садови? Перење облека? Хранење на детето? НИШТО. Нашиот кутар син не сакаше да јаде тој период, а свекрвата воопшто не помагаше што само си седеше. По две недели дојде и свекорот, а таа веднаш му направи пита. Поради сето ова, одлучив дека не ми треба помош од свекрвата ако имаме уште едно дете“.

„Ми правеа операција и лежев во кревет околу една недела. Ја замолив братучетката, која тогаш живееше со мене, да ми помага, бидејќи пиев силни лекови против болка. Кога заздравив, најдов цел куп ѓубре во кујната. Насекаде имаше валкани садови, имаше храна во микробрановата, а на подовите имаше размачкано кечап и сенф. Исто така, тој период ми украла и облека, заедно со полначот за телефон. Веднаш ја избркав“.

tetka-mi-dojde-na-nedela-dve-no-ostana-cela-godina-lugje-gi-spodeluvaat-najloshite-iskustva-so-gosti-04.jpg

„Му дозволив на поранешен пријател да спие кај мене бидејќи минуваше низ тежок период. Но еднаш, бидејќи се потрошила тоалетната, искористил крпа и ја оставил покрај шолјата. Го избркав, а подоцна открив дека ми украл неколку ЦД-а“.

Дали вие имате некое слично, па и полошо искуство со некој гостин?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
10 фото-докази дека некои луѓе земаат плата залудно (и ужасно си ја вршат работата) Ако мислите дека вие сте имале лоша фризура, или дека вашиот мајстор направил не...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg