Пишување, ракување, користење отворач за конзерви – најголемите проблеми на левораките луѓе за кои другите не се ни свесни
Наводно, само околу 10% од луѓето ширум светот се левораки, па не е ни чудно што многу работи што ги користиме секојдневно се всушност дизајнирани за деснораки.
Оние чија доминантна рака е десната обично не се ни свесни за ова, но левораките луѓе многу добро знаат какви сè проблеми им предизвикуваат дури и најобичните работи, како пишувањето.
Корисник на Редит ги замолил левораките корисници да споделат кои се најголемите проблеми со коишто се соочуваат поради нивната доминантна рака, а за кои повеќето деснораки луѓе не се ни свесни дека постојат.
Во продолжение погледнете дел од најинтересните одговори:
„Скоро никогаш не можам да се поздравам со доминантната рака. Ми се чини како секогаш да се бунам кога треба да се ракувам со некого. Поприродно ми е да ја подадам левата рака, но другата личност секогаш ја подава десната“.
„Ножиците не се направени за левораки луѓе. Нивното користење е болно или непрактично“.
„Мразам што морам однапред да планирам каде ќе седнам во ресторан за да не си ги удираме рацете со некој додека јадеме“.
„Мразам кога случајно стискам лајк на Фејсбук додека скролам“.
„Автомобилите каде што воланот е на левата страна се дизајнирани на тој начин што важните работи за возачот се на дофат на десната, а не на левата рака“.
„Немам сретнато компјутерски глушец за левораки“.
„Мразам кога ми се размачкува пенкалото додека пишувам. Морав да учам како правилно да ја поставам раката за да не го размачкам напишаниот текст“.
„Кога бев дете во 80-тите, имав учителка која постојано ме удираше по раката, ми ги кинеше напишаниот лист хартија и ме присилуваше да пишувам со десна, бидејќи ’пишувањето со лева рака е божји грев‘“.
„Уште не можам да користам отворач за конзерви“.
„Предметите наменети за левораки, како гитари, обично се многу поскапи“.
„На повеќето садови за мерење броевите се напишани така што се свртени кон вас само ако го држите садот со десната рака“.
„Ми беа потребни години за да научам да ја користам десната рака за јадење. Дури кога пораснав можев да ја сечам храната со десна рака без многу проблеми. Но, уште не можам да користам нож за лупење со десната рака“.
„Буквално повеќе од половина од медицинските инструменти што треба да ги користам на работа се дизајнирани за деснораки луѓе. Како никој да не помислил дека постојат луѓе со лева доминантна рака“.
Спирова С. | Црнобело