Неправилно дишете, ве иритираат ситници: 8 знаци дека сте под поголем стрес отколку што мислите
Не е никаква тајна дека изворот за многу проблеми во животот е токму стресот, особено доколку тој е прикриен и не сте свесни дека ви создава толку голема тежина во животот.
Со помош на следните 8 симптоми полесно препознајте го стресот и обидете се да го елиминирате или барем да го намалите бидејќи влијае погубно врз здравјето:
Ве иритираат ситуации што би требало по правило да ве радуваат
Доколку ве нервираат и иритираат работи што претходно ви причинувале задоволство, тоа значи дека стресот полека си го зема данокот. Стресот умее да го затруе секое чувство, а ова секако се одразува и на позитивните аспекти од животот.
Чувствувате како морате да држите сè под контрола
Можеби и не сте целосно свесни за ова, но таа потреба за перфекционизам всушност укажува дека се обидувате да се изборите со стресот. Односно, се обидувате да го контролирате по секоја цена, што секако не е воопшто здраво.
Имате многу помалку толеранција за луѓето околу вас
Фрустрациите што ги создава стресот неретко се одразуваат и на меѓучовечките односи. Толеранцијата полека ви се губи, поради што бурно реагирате на однесувањето на другите луѓе и тоа за работи и ситуации кои претходно ви биле сосема прифатливи и нормални.
Постојано сте вознемирени
Доколку „не ве држи место“ значи дека сте во одредена мера вознемирени. Тоа е затоа што во заднината на ова однесување се крие стрес. Тој се претвора во потреба постојано нешто да се случува, што може да доведе до психо-физичка исцрпеност.
Тешко ви е да се фокусирате
Доколку имате чувство дека се вртите во магичен круг, а вашиот список на обврски постојано се зголемува, а во моментот кога ќе се решите да ги реализирате почнува да ве фаќа блага паника, значи дека сте под стрес. Последицата на сето ова е неможноста целосно да се фокусирате.
Одговорите ви се сведуваат на „да“ и „не“
Стресот честопати ја поместува границата и моќта на логичното расудување. Тој прави понекогаш да се чувствувате како робот и да давате сувопарни одговори на прашањата кои ви се упатени вам. Во такви моменти полесно ви доаѓа да даде општ, генерички одговор, отколку да се објаснувате некому.
Се прејадувате со храна
Се честите со сладолед почесто отколку што е потребно. Доколку забележите дека се вртите кон храната секогаш кога сте во некаква емоционална криза, тогаш имате сериозен проблем или т.н. „емоционално прејадување“ поради стресот и потребно е да побарате стручна помош.
Имате проблеми со кожата
Начинот на кој размислувате и како се чувствувате неретко се одразуваат и на надворешниот изглед. За тоа постои едноставно и логично објаснување. Имено, поради стресот доаѓа до нарушување на рамнотежата на хормоните, а тие се одговорни за изгледот на кожата.
(О)Милена | Црнобело