6 „строги“ правила кои ја менуваат смислата на животот

И покрај целиот ваш оптимизам, некогаш животот сепак ќе биде тежок.

6-strogi-pravila-koi-ja-menuvaat-smislata-na-zhivotot-01.jpg

Некои луѓе веруваат дека животот е збир од проткаени обрасци и сè се случува со причина.

Други велат дека тој не е ништо друго освен низа случајности. Кое гледиште и да го поддржувате, постојат некои универзални правила на живот кои се чини дека функционираат за секого.

Во продолжение ви наведуваме 6 животни правила кои ќе ви ги отворат очите кон суровата вистина на животот, без разлика на вашите лични убедувања:

Ништо не е црно или бело, затоа секогаш оставајте простор за сомнеж

Во главно, таканареченото „црно-бело“ размислување е чиста креација на човековата популација.

Имаме тенденција да ги перцепираме работите на апсолутен начин - дека нешто или некој е или добар или лош, успешен или неуспешен, љубезен или пак не.

Всушност, оваа карактеристика на нашето размислување е вешто изманипулирана од експерти за пропаганда и маркетинг и токму затоа, голем број на луѓе во денешно време се вклопуваат во менталитетот „нас наспроти нив“, дури и без да го сфатат тоа.

Но, реалниот свет е полн со нијанси и полувистини. Ништо никогаш не е црно или бело.

Исто така, тоа значи дека не можете да бидете сигурни во ништо. Се разбира, сите имаме свои утврдени мислења и ставови, но најдобрата стратегија е секогаш да оставаме простор за сомнеж.

6-strogi-pravila-koi-ja-menuvaat-smislata-na-zhivotot 02 630x380.jpg

Животот знае да биде тежок, покрај нашиот оптимизам

Сите сакаме да веруваме дека нашата иднина ќе биде полна со позитивни настани и емоции. Тоа е одличен начин за гледање на животот и силен мотиватор што нѐ турка кон нови достигнувања.

Но, грешка е да се претпостави дека никогаш нема да мора да поминуваме низ тешкотии.

Да, се чини дека некои луѓе се соочуваат со повеќе предизвици во нивните животи од другите. Но, сигурна работа е дека сите имаме свој дел од „тешките времиња“ кои мораме да ги издржиме.

Добро е да бидете подготвени и да негувате „еластичност“, наместо да запаѓате во замката на слепата позитивност и да ја исклучите можноста за негативен исход.

Без разлика дали сте суштински негативна или позитивна личност, реалноста е секогаш најдобриот избор.

6-strogi-pravila-koi-ja-menuvaat-smislata-na-zhivotot 03 630x420.jpg

Повеќето луѓе се себични, затоа внимавајте на кого се потпирате целосно

Може да ве вознемирува нечија себичност, но тоа не го менува основното правило на животот: во секоја дадена ситуација, повеќето луѓе ќе се стават себеси на прво место и ќе го направат она што е најдобро за нив.

Да, тие ќе го направат овој избор дури и ако е во спротивност со интересите на другите луѓе.

Ретки се алтруистичките личности кои се грижат за општото добро или за туѓата благосостојба. И покрај тоа што луѓето се способни за емпатија и сочувство, себичноста е во нашата природа и оди заедно со други недостатоци, како што се алчноста и зависта.

Понекогаш, правиме грешки и ги пуштаме погрешните луѓе во нашите животи.

6-strogi-pravila-koi-ja-menuvaat-smislata-na-zhivotot 04 630x552.jpg

Секој делува според своето ниво на перцепција, затоа не очекувајте премногу од никого

Како што се движиме низ океанот на животот, формираме збир на перцепции и очекувања. Овој процес започнува во детството кога учиме од модели, на пример како што се нашите родители и наставници.

До моментот кога ќе достигнеме зрелост, сите имаме различен сет на вредности, мислења и очекувања. Ова објаснува зошто другите луѓе не се однесуваат секогаш како што сакаме и ние се наоѓаме лошо третирани, изневерени и запоставени.

Некои луѓе преферираат измами и искористување на другите затоа што им дозволува нивниот морален кодекс.

Вистината е дека секој прави што сака и што мисли дека е правилно според својата перспектива. Нашите очекувања кон другите луѓе нѐ оставаат повредени и скршени.

Значи, едно од најважните правила кои треба да се следат во животот е да не очекуваме премногу од никого. Сепак, тоа не значи дека треба да го очекувате најлошото од секого или да се фокусирате на негативното однесување на оние околу вас.

Тоа значи да разберете зошто тие се однесуваат како што се однесуваат и да не дозволите тоа да влијае на вас.

6-strogi-pravila-koi-ja-menuvaat-smislata-na-zhivotot 05 630x420.jpg

Магија не постои, доколку сакате нешто, потрудете се да го исполните

Сите имаме аспирации. Сите сонуваме за нешто големо. Но, се чини дека некои луѓе очекуваат дека нивните достигнувања да бидат без напор и успехот да им дојде како магија. Честопати, станува збор за истите типови на луѓе кои претпочитаат да се потпрат на другите за да ги постигнат своите цели.

Што и да е тоа што сакате да го постигнете, бидете подготвени да вложите напор во истото.

Успехот не доаѓа лесно и без напор. Ваквите сценарија се реални само во романтичните филмови и во детските книги.

6-strogi-pravila-koi-ja-menuvaat-smislata-na-zhivotot 06 630x420.jpg

Нема правила - понекогаш, животот едноставно нема смисла

Конечно, најважното правило во животот е дека не постојат правила. Ние пораснавме прифаќајќи концепти на правичност и добро и зло, мислејќи дека ќе се соочиме со нив во реалниот живот.

Очекуваме животот да биде фер и да се однесуваме љубезно со добрите луѓе, додека ги казнуваме „лошите“ момци и девојки за сите страдања што ги предизвикале некому.

Кога гледаме дека тоа не се случува, доживуваме разочарување. Лошите работи им се случуваат на добрите луѓе, и обратно, помалку добрите личности ги остваруваат своите соништа.

Значи, можеби најобесхрабрувачкото, а сепак највистинито од правилата за живеење е дека животот не секогаш има смисла.

Исто така, ова е едно од најтешките правила на животот кое треба да се проголта, бидејќи ние луѓето имаме природна склоност да ја бараме смислата на нештото.

Кога не можеме да ја најдеме, се чувствуваме изгубени и збунети.  Но, понекогаш немаме друг избор освен да го прифатиме она што животот ќе ни го „сервира“ и да се адаптираме на промената.

6-strogi-pravila-koi-ja-menuvaat-smislata-na-zhivotot 07 630x329.jpg

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg