-->
Илустраторот Мауро Гати веќе неколку години го води Инстаграм профилот The Happy Broadcast, каде што ги споделува позитивните новости од целиот свет со помош на забавни илустрации.
Факт е дека живееме во период исполнет со несигурност и страв и сите настојуваме да се фокусираме на негативното. Повеќе од една година се обидуваме да ја победиме пандемијата и секојдневно слушаме за број на заразени и, уште полошо, број на починати.
-->
Иако моменталната ситуација не е најдобра, ширум светот сепак се случуваат и убави нешта, а Мауро Гати сака да им помогне на другите да го забележат тоа. Или, како што пишува на неговиот профил:
„Новости од целиот свет кои не создаваат анксиозност и се добри за нашето ментално здравје“.
Мауро има направено и цела колекција за добри вести од 2021-ва, а дел од нив можете да погледнете во продолжение:
Одлични вести! Панда мечките повеќе не се загрозен вид. Благодарение на обидите за заштита, нивниот број конечно се зголемува после години намалување.
Plogging е фитнес тренд што потекнува од Шведска и подразбира собирање отпад за времена џогирање. Ова не само што е добро за околината, туку го одржува здравјето на луѓето. Ајде да го правиме ова!
-->
-->
Во обид да се намали емисијата на јаглерод, Франција изгласа забрана за кратките домашни летови ако патувањето трае помалку од 2,5 часа со воз.
-->
Северноатлантските китови, критично загрозен вид, го имаа најголемиот број на новороденчиња од 2015-та. Истражувачите забележаа 17 новороденчиња.
Што велите за ладно пиво во замена за вашата соларна енергија? Пиварница во Австралија го купува вишокот соларна енергија од домаќинствата, плаќајќи им со лименки пиво, за да си ја исполни целта за користење 100% обновлива енергија.
-->
Збогум горива. Норвешка стана првата држава во светот каде што е забележана поголема продажба на електрични возила за разлика од возила на фосилни горива.
Големи новости за големите мачки! Во голем подвиг, Јужна Африка конечно ќе го забрани одгледувањето лавови во заробеништво за ловење или за забава на туристите.
Сега Либан ја има првата болница во светот која им нуди 100% вегански оброци на пациентите за да им помогне да закрепнат. Одличен подвиг!
Ова е големо! ХИВ вакцината ја помина првата фаза од тестирање на луѓе и се покажа успешна кај 97% од испитаниците.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира: