10 работи кои НЕ треба да ги правите за време на грмотевици

Играњето на дожд е една работа - но играњето со грмотевици е сосема друга приказна во која треба да бидеме екстремно внимателни.

10-raboti-koi-ne-treba-da-gi-pravite-za-vreme-na-grmotevici 01 630x330.jpg

Иако можеби се чини како реткост и голем дел од жртвите ги преживуваат повредите, сепак е добра идеја да знаеме да се справиме со една од најмоќните сили на мајката природа.

Во продолжение за вас издвојуваме 10 работи кои не треба да ги правите за време на грмотевици, а дел од нив се однесуваат само за кога има големо невреме со чести и силни грмотевици, па не кревајте паника веднаш.

Само, избегнувајте да ги правите овие работи:

Да се бањате или туширате

Никогаш не се бањајте или туширајте за време на грмотевици.

Ако удри гром во близина на домот, електричните струи може да поминат низ цевките во вашиот дом и да предизвикаат струен удар.

10-raboti-koi-ne-treba-da-gi-pravite-za-vreme-na-grmotevici 02 630x315.jpg

Да седите на бетон

Можеби не е очигледно, но не треба да седнувате или да се потпирате на бетон за време на грмотевица поради металната арматура или жичаната мрежа што речиси секогаш се поставува во него за да се зајакне.

Двата материјали се ефикасни спроводници на електрична енергија.

Да користите фиксен телефон

Мобилниот телефон е безбеден, сѐ додека не е приклучен на полнач, но за време на грмотевици во никој случај не е безбедно да се користи фиксен телефон.

Молњата може да патува низ телефонските линии и ако тоа се случи, може да ве погоди струен удар.

10-raboti-koi-ne-treba-da-gi-pravite-za-vreme-na-grmotevici 03 630x354.jpg

Да лежите на земја

Не сакате да бидете на високо, особено ако на отворено ве фати грмотевица - но во обидите да се заштитите, не правете ја грешката да легнете на земја. Почвата може да биде добар спроводник, па ако во ваша близина удри гром, може да настрадате и вие.

Да стоите под дрво

Стоењето под дрво кога има грмотевици е крајно опасно. Поради нивната висина, дрвјата на некој начин ги привлекуваат молњите.

Човечко суштество, сепак спроведува електрична енергија подобро од дрвото, па ако сте во близина на дрво, молњата лесно може да се „префрли“ од дрвото кај вас.

10-raboti-koi-ne-treba-da-gi-pravite-za-vreme-na-grmotevici 04 630x420.jpg

Да седите под отворено небо

Никогаш не треба да шетате под отворено небо за време на грмотевици – вашиот дом е најбезбедното место.

Но, ако сепак се најдете надвор и немате засолниште на повидок, свиткајте се и гледајте што е можно помалку вашето тело да ја допира земјата.

10-raboti-koi-ne-treba-da-gi-pravite-za-vreme-na-grmotevici 05 630x442.jpg

Да стоите блиску до прозорецот

Повеќето прозорци, стари или нови се изградени од метал или имаат метални делови што можат да привлечат гром.

За време на грмотевицата држете се далеку од прозорците за да избегнете повреди.

10-raboti-koi-ne-treba-da-gi-pravite-za-vreme-na-grmotevici 06 630x453.jpg

Да ги оставите вклучени вашите електрични уреди

Сè што е вклучено во штекер во вашиот дом, ризикува да претрпи штета од електричен бран за време на грмотевици.

Ако е предвидена бура, исклучете го вашиот компјутер, лаптоп и други уреди и размислете да ги исклучите апаратите од струја.

10-raboti-koi-ne-treba-da-gi-pravite-za-vreme-na-grmotevici 07 630x440.jpg

Да миете садови

Не треба да миете садови за време на грмотевица од истата причина што не треба да се бањате за време на истата.

Молњата може да помине низ цевките, да ја електрифицира славината и да предизвика повреда.

Ова е една опасност која лесно може да се избегне: Садовите можат да почекаат.

10-raboti-koi-ne-treba-da-gi-pravite-za-vreme-na-grmotevici 08 630x433.jpg

Да пуштите машина за алишта

Вашата машина за перење е приклучена во штекер, што е прв удар за неа.

Како втор удар: таа е метална, така што молњата може да минува низ неа на ист начин како низ вашиот тостер или фен.

Дефинитивно не сакате да бидете близу до машината за перење за време на грмотевици, па затоа одморете се од алиштата и наместо тоа oдлучете се за некоја добра книга од вашата библиотека.

10-raboti-koi-ne-treba-da-gi-pravite-za-vreme-na-grmotevici 09 630x438.jpg

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Каков „сладок хаос“ е животот во брак со деца Кога децата спијат врз вас или јадете останки од храна како „романтична“ вечера ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg