8 знаци дека ве исцрпува лошата енергија со која сте опкружени
Кога сте преплавени со лоша енергија која ја имате впивано и впивано со месеци од околината и луѓето, животниот стил почнува да ви се менува.
И тоа може да го забележите, само треба да внимавате на знаците.
Ако постојано ви се случуваат овие 8 работи, тоа се знаци кои телото ви ги испраќа дека нешто треба да промените:
1. Се чувствувате депресивно без некоја посебна причина. Изморени сте, дури и ако цел ден лежите. Имате негативни мисли, дури и кога во денот не ви се случило ништо лошо.
2. Постојано се споредувате со другите луѓе и развивате желба за натпревар, во кој губите само вие.
3. Не можете да спиете, иако ви се спие. Телото ви е исцрпено, но мозокот никако да се стиши.
4. Не пронаоѓате време за себе. Од што сакате да им ги задоволите желбите на сите, не ви останува време за вас и вашите работи во кои уживате.
5. Чувствувате дека пренесувате лоша енергија. Односно, колку и да се луѓето расположени кога ќе се сретнете, чувствувате дека енергијата полека спласнува.
6. Премногу сте емотивни и реагирате бурно. Емотивноста не е лоша карактеристика, но мора да внимавате на реакциите и околностите.
7. Висите на социјални мрежи. Дури ви се случува и со часови да гледате во празно.
8. Немате желба за дружење и постојано се затворате сами.
М. Д. | Црнобело