Што да правите ако доживувате инфаркт и уште 4 совети за справување со критични ситуации кога сте сами
Запалено масло, давење од храна, инфаркт – ова се работи кои, за жал, се случуваат доста често.
Ако се најдете во ваква ситуација со некој покрај вас, ќе имате помош и е многу полесно да извлечете „жива глава“. Но ако сте сами, морате да знаете како можете да си помогнете, барем во најчестите опасни ситуации.
Погледнете како да се справите со пет критични ситуации кога сте сами:
Што да правите ако се задавите со храна?
Ако ви залетне парче храна и не можете да го искашлате, важно е веднаш да делувате. Во случај да нема никој со вас, можете да си помогнете и сами:
- Стегнете ја дланката во тупаница и поставете ја на стомакот.
- Навалете се на стол или што било слично и силно притискајте го стомакот – како на илустрацијата – и движете се горе-долу.
- Правете го ова сè додека не излезе парчето храна.
Можете да го искористите и таканаречениот Хајмлихов зафат:
- Стегнете ја дланката во тупаница и поставете ја кај желудникот. Со другата дланка фатете ја тупаницата.
- Почнете силно да го притискате стомакот и движете ја тупаницата горе-долу.
Како да изгаснете запалено масло?
Ако ви се запали маслото додека готвите, немојте никако да користите вода, бидејќи можете буквално да предизвикате експлозија.
- Во овој случај, најпрво исклучете го шпоретот и ставете ракавици или што било за да си ги заштитите рацете.
- Покријте ја тавата или тенџерето со метален капак.
- Ако станува збор за послаб оган, можете да истурите малку сода бикарбона во садот. Кога се загрева, сода бикарбоната се претвора во јаглероден диоксид и го гасне огнот. Ако немате сода, можете да истурите малку сол – ќе настане слична реакција и огнот ќе изгасне.
Што да правите ако доживувате инфаркт?
Ако се сомневате дека доживувате инфаркт, следете ги следните чекори:
- Престанете со она што сте го правеле, особено ако станува збор за вежбање или возење автомобил.
- Прво повикајте брза помош, а потоа јавете се на пријател или кој било што може да дојде веднаш во вашиот дом.
- Седнете на подот и навалете се на ѕидот. Колената треба да ви бидат свиткани – можете да ставите и перница под нив.
- Не се обидувајте да станете сè додека не стигне брзата помош.
- Дишете бавно и длабоко.
Како да се заштитите за време на пожар?
Ако има пожар најважно е да отидете на безбедно место, но треба да имате предвид дека чадот може е отровен за вас. Затоа, не заборавајте на овие чекори:
- Искористете какво било парче облека за да го покриете носот. Уште подобро ако при рака имате градник со корпи.
- Спуштете се на земјата и лазете до некое безбедно место.
- Ако случајно ви се запали дел од облеката, почнете да се валкате на подот за да го изгаснете огнот.
Како да отворите конзерва без отворач во природа?
Ако сте сами во природа и имате само храна од конзерва, но не и отворач, има решение и за тоа. Иако изгледа невозможно, можете да ги отворите конзервите и без отворач.
- Најдете рамна површина од камен.
- Свртете ја конзервата наопаку – капакот да биде долу – и почнете да триете од каменот.
- Со триењето ќе се отстрани подигнатиот дел околу капакот и ќе можете лесно да го отворите.
Спирова С. | Црнобело