Носете чанти со патент и уште 8 совети кои ќе ви помогнат да се заштитите од крадците на улица
Внимавајте ако забележите група луѓе кои одеднаш се разделуваат
Веќе напоменавме дека некогаш крадците работат и во група. Ако забележите група луѓе кои влегуваат некаде и одеднаш се разделуваат и се однесуваат како да не се познаваат, голема е веројатноста дека станува збор за крадци. Неретко тие ќе се однесуваат и незаинтересирано за нивното опкружување, со разговарање на телефон или нешто слично.
Во овој случај осигурете се дека нема да им се приближите.
Не застанувајте да гледате ако некој се расправа среде улица
Уште еден трик на крадците кои крадат во група. Повеќето луѓе се љубопитни и сакаат да видат што се случува ако забележат дека некој се кара среде улица, а крадците одлично го знаат ова. Па, двајца можат да почнат лажна расправија, само за да ви го одвлечат вниманието, додека третиот ќе се обиде да украде нешто од вас.
Избегнувајте да се движите веднаш до улица
Доста често се случува крадците да земаат чанти и слично додека минуваат покрај вас на мотор. За да го избегнете ова, немојте да одите веднаш до патот.
Внимавајте кога стоите на ескалатор
Ако стоите на ескалатор и забележите дека некој застанал премногу блиску зад вас, можно е да се обидува да ве ограби. Нормално, не значи дека секојпат кога ќе се најдете во ваква положба станува збор за крадци, но за секој случај, бидете повнимателни.
Спирова С. | Црнобело