Ентериери: Два и пол мажи
Домот на вечниот ерген Чарли каде се вселуваат неговиот брат со својот син е сместен во Малибу и претставува типичен ентериер во калифорниски стил.
Two and a half man е серијата која носи смеа во секој дом. А, куќата често остава без здив – најверојатно поради фактот што гледа на сама плажа.
Овој ентериер не робува на најновите трендови за уредување на животниот простор, но одговара сосема на животот кој го водат ликовите во серијата.
Ен Шеј и Џон Шафнер се архитектите кои го прилагодуваат овој простор. Тие велат дека клучни зборови за удобноста на оваа куќа се природните бои и материјали.
Етно шари и дезени на керамика, разнобојни килими и шари на перниците се дел од карактеристичен шпански и медитерански стил.