Најпопуларниот дечко на Тиндер открива: „Која е најголема грешка на мажите и како да им се допаднете на девојките?“

Откако беше именуван за еден од најпопуларните мажи на апликацијата Тиндер, Џејмс Лангтон почна да им помага на другите да ги уредат нивните профили на апликацијата за да ја најдат својата сродна душа.

Najpopularniot-decko-na-Tinder-dava-soveti-kako-da-im-se-dopadnete-na-devojkite-najgolema-greska-e-ako-koristite-fotki-so-bivsata-01.jpg

Кога Џејмс Лангтон им кажал на пријателите дека е именуван за еден од најпопуларните мојмци на Тиндер тие не биле воодушевени и му рекле: „Чудно, има голем број луѓе што изгледаат подобро од тебе“. Денес, тој своите совети ги споделува и на неговиот Инстаграм профил Dater help.

Тој уживал во новостекнатата слава, но почнал да размислува како може тоа да го претвори во бизнис. Во разговор за Mirror, ова 27-годишно момче вели:

„Ненамерно ја користев апликацијата многу добро. Бев изненаден. Немам проблем со апликациите, но работам со голем број луѓе во финансискиот сектор кои се инженери, мошне интелигентни луѓе, но имаат проблем да сретнат луѓе. Состанувањето не е лесно за секого. Преговараш со други луѓе за тоа дали сакате да го поминете животот заедно“ - вели тој.

Џејмс останал збунет кога му се јавиле од Тиндер за да му кажат колку е популарен меѓу девојките на апликацијата. Тој сега го користи своето претходно знаење во маркетинг сферата за да креира свој бизнис со кој ќе им помогне и на другите да ги уредат сопствените профили.

Но, како што вели, неговата цел не е само да им помогне на луѓето да најдат девојки за убав помин, туку да ги најдат вистинските сродни души.

„Најголемиот дел од луѓето на кои им помагам се во средните 30-ти години и само бараат врска. Излезени се од светот на неформално состанување околу 10 години и само бараат помош. Тоа е како платено пишување CV. Во суштина, ми ги даваш информациите – кој си, што работиш, како изгледаш и јас ќе направам да изгледаш подобро“ - вели тој.

Додава дека луѓето во суштина не се добри кога треба да пишуваат за себеси. Освен тоа, тој има познавање и од модна фотографија, па им помага на клиентите да ги изберат најсоодветните фотографии за нивните профили. Сепак, како што вели никогаш не ги уредува фотографиите за да го промени изгледот на клиентот.

Досега работел со околу 1.000 клиенти. Тој ги охрабрува клиентите прво да разговараат со нивните избранички на апликацијата, па да ги проверат на социјалните мрежи, доколку добиле податоци и на крај да воспостават телефонски контакт пред да се состанат лично.

Najpopularniot-decko-na-Tinder-dava-soveti-kako-da-im-se-dopadnete-na-devojkite-najgolema-greska-e-ako-koristite-fotki-so-bivsata-02.jpg

„Јас не сум тренер за состаноци. Јас сум тренер за апликации за состаноци. Јас можам да ви помогнам да закажете состанок, но не можам да помогнам потоа. Не сум психолог, туку можам да го оптимизирам вашиот профил“ - вели тој.

Кога станува збор за совети, Џејмс вели дека не е важно колку „кликови“ ќе добиете, туку дека е важен квалитетот на тие „кликови“ и да се биде успешен потоа.

Najpopularniot-decko-na-Tinder-dava-soveti-kako-da-im-se-dopadnete-na-devojkite-najgolema-greska-e-ako-koristite-fotki-so-bivsata-03.jpg

„Важен е квалитетот, а не квантитетот. Луѓето велат дека сакаат повеќе можни „кликови“ и кога ќе ги прашам зошто, велат дека сакаат да одат на повеќе состаноци. За да имаш врска и да бидеш во можност да се сретнеш со некого и да имаш неверојатен состанок, потребни ти се само неколку кликови.

Постојат голем број проблеми што луѓето можеби ги имаат. Апликациите за состаноци се како тунел. На врвот на тунелот е некој што го гледа вашиот профил и ве клика. Малку подолу во тунелот е некој што разговара со вас, подолу е оној што разговара со вас и разговара преку Facebook. И најдолу е тој со којшто сте закажале состанок.

Прво што треба да се одреди е во кој дел од тунелот клиентот има проблем“ - вели Џејмс.

А за тоа која е најголемата грешка што мажите најчесто ја прават, од она што досега го забележал Џејмс, тој вели: „Користење фотографии со бившата…“

Инаку Џејмс во моментов има 27 години и има огромно лично искуство во користењето апликации за состаноци. Во моментов вели дека е „сингл“ затоа што е презафатен со работата.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg