Што со првото вапсано велигденско јајце кое е чувар на куќата во текот на целата година?
Во Македонија, првите велигденски јајца се вапсуваат на Велики четврток, рано наутро уште пред изгрејсонце. По обичај, првото јајце треба да се обои во црвена боја и да се чува до следниот Велигден, со цел да ја заштити куќата и семејството. Затоа ова јајце се нарекува „чувар јајце на домот“.
Постои верување дека првото црвено велигденско јајце ќе ги истера злите сили и демоните од куќата и домаќинството.
Стариот обичај подразбирал црвеното јајце да отстои во вода со босилек, дрен и здравец, а семејството да се измие со истата таа вода на велигденското утро во недела, така што сите би биле здрави во текот на целота претстојна годината, особено децата.
Што да направите со старото јајце од минатата година доколку сè уште го чувате?
Кога ќе се вапса ново црвено јајце, старото се фрла во река, за да ги однесе со себе сите зла и несреќи што се напластиле врз него, наместо врз куќата што ја заштитувало.
Од друга страна, оние што имаат дворови го почитуваат обичајот да го закопаат минатогодишното „јајце-чувар на домот“ под земја или под некое дрво, онаму каде што сакаат земјата да им биде плодна и да го заштитат домаќинството од временските услови.
Се верува дека првото бојадисано јајце носи просперитет и среќа во домот, па многумина го чуваат во текот на целата година на видно место во украсна кутија.
Што правите вие со старото јајце?
(О)Милена | Црнобело