Камен од 100 долари, сребрен конец од 9.000 долари – Најсмешните и најглупавите работи што можете да ги купите онлајн (фото)
Дали би платиле 280 долари за само еден витлер за коса, направен од злато? А, дали ви се „фрлаат“ 39.000 долари за Louis Vuitton чанта во форма на авион?
Досега сигурно сте налетале на неколку онлајн реклами за бизарни продукти кои се сосема бескорисни и изгледаат чудно. Денес има повеќе онлајн продавници од кога било и од интернет можете да си порачате скоро сè што ќе посакате.
А, кога има толкав избор, нормално е да има и чудни работи за кои нема да ви се верува дека се на продажба или дека некој воопшто ќе ги купи.
Една девојка од САД налетала на ваков чуден продукт, кој наводно е моден детаљ, па решила да го сподели на Твитер.
„Ми стана хоби да барам глупави работи што можете да си ги купите и засега ова ми е фаворит“.
Набрзо, нејзината објава се прослави и ги инспирира другите твитерџии да ги споделат најбизарните продукти што ги сретнале онлајн. Уште почудно е што дел од овие продукти чинат и по неколку илјади долари.
Погледнете дел од најпопуларните продукти што ги споделија твитерџиите:
„Оваа Louis Vuitton чанта чини 39.000 долари“
„Еднаш платив 100 долари за камен“
„Ова е најглупавото нешто што сум го видела досега. Чантата чини 11.000 долари, ама барем можете да го менувате овошјето“
„Никогаш нема да ги заборавам овие чевли“
„Барем имаат џебови…“
„Можете да си купите клопче сребрен конец од Tiffany & Co. по цена од 9.000 долари“
„Со години барам глупави работи на продажба и засега омилена ми е масата за пинг-понг во форма на остров, која чини 4.000 долари“
„Стакленик направен од сребро од Tiffany & Co. – 275.000 долари“
„Зарем некој би ги облекол овие чуда?!“
„Само еден витлер за коса, направен од злато. Чини 280 долари“
„Бизарни очила на кои не можете да ставите стакла“
Спирова С. | Црнобело