Почетните букви на имињата откриваат многу за луѓето – што кажува вашата за вас?
Името не го добиваме случајно, тоа е дел од нас, го носиме целиот живот и симболизира дел од нашиот карактер, а воедно ја претставува и нашата моќ и сила како личности.
Според верувањата, првата буква од нашето има носи најмногу сила и енергија, но предвидува и каква судбина нè очекува. Секако, на ова толкување гледајте повеќе од забавен аспект.
Проверете што значи првата буква од вашето име:
A – го симболизира почетокот на азбуката. Првата буква укажува на многу силен карактер на личност. Имињата што започнуваат на А ги носат луѓе што се многу енергични и имаат храброст да ги остварат своите цели.
Б – оваа личност е мошне темпераментна, а од друга страна и многу чувствителна. Способна е да се жртвува за другите и ова честопати го прави на сопствена штета. Оваа буква е поврзана со уживање во готвењето, сексот и забавата. Сите на кои името им започнува на Б честопати во животот се врзуваат само за една личност.
В – оваа почетна буква опишува луѓе кои се многу приземни, реални, практични и никогаш не остануваат без зборови. Тие се многу снаодливи, сакаат да поставуваат нови цели, да започнуваат планови и проекти кои се разликуваат од просекот.
Г/Ѓ/Џ – се почетните букви за поединци кои се филозофски ориентирани, обожаваат да водат разговори и тврдат дека ги доживуваат работите на уникатен начин. Генерално овие луѓе се мошне отворени и по малку наивни во љубовните врски. Секогаш имаат големи очекувања.
Д – луѓето чии имиња започнуваат на Д се мошне сензуални и познати како големи љубовници. Секогаш се држат до своите зборови, имаат многу познаници, но ретко дозволуваат некој вистински да им пријде. Харизматични се многу и имаат огромна енергија.
Е – почетната буква Е во личните имиња означува друштвен карактер кој ги цели пријателството и искреноста. Многу се способни и вешти со своите раце, сакаат да бидат креативни и умеат добро да се адаптираат на секоја животна ситуација.
Ж/З/Ѕ – луѓето чии имиња започнуваат со овие букви се полни со доверба во другите луѓе и опкружени со пријатели кои внимателно ги избираат. Тие сакаат да бидат во улога на советник, но ретко бараат совет самостојно, претпочитаат да се повлекуваат во себе. Во љубовта тие се многу доверливи и флексибилни.
И – секогаш копнеете кон постигнување рамнотежа. Свесни сте за своите можности и способности, па секоја прилика за вас е нова шанса за унапредување и растење. Во љубовта сте мошне лојални и подготвени да покажете емоции, но истото го очекувате и од другата страна. Можно е да имате одредени скриени таленти, обидете се да ги откриете со помош на креативната енергија.
Ј – имате убав вкус и стил, љубов кон иновациите и учењето на нови работи. Прилично сте бескомпромисни кога станува збор за врските. Оваа почетна буква симболизира крута и слепа амбиција на човек кому ништо нема да му застане на патот за да го добие она што го посакува, било на работа или пак во љубовта. Многу сте искрени, па имате и многу непријатели, но пријателите ја ценат вашата сурова искреност.
К – почетната буква К во имињата претставува крајност и носителите на овие имиња во текот на животот менуваат повеќе улоги, од бунтовници, стопанственици, заводници до семејни луѓе. Многу се силни и емотивни, а честопати сакаат да бидат во центарот на вниманието.
Л/Љ – букви кои симболизираат многу енергични и харизматични луѓе коишто животот го живеат спонтано и заиграно. Сакаат да патуваат и да ги прошируваат видиците, влегуваат од една во друга врска и многупати во животот ги менуваат работните места.
М – носи вибрација на разумност, смиреност, самодоверба и рамнотежа. Луѓето чии имиња започнуваат на М не вртат многу околу вистината, секогаш гласно ја зборуваат. Послушни се, внимателни, пристојни и одговорни. Сакаат да патуваат и го прават тоа секогаш кога ќе им се пружи можност за откривање на нови локации. Но, работите брзо им здосадуваат, па им е потребен и одмор од сè и сите.