Почетните букви на имињата откриваат многу за луѓето – што кажува вашата за вас?
Н – луѓето чии имиња започнуваат на оваа буква имаат премногу доверба во другите луѓе и опкружени се со вистински пријатели. Секогаш сакаат да ја имаат улогата на советници, но ретко самите бараат совети. Повеќе сакаат да се повлечат во себеси кога им треба помош. Во љубовта се многу доверливи и флексибилни.
О – симболизира мудрост и образование. Многу луѓе чии имиња им започнуваат на О се писатели, професори или пак се занимаваат со образование. Имаат високи морални стандарди по коишто се водат низ животот. Поради љубовните врски честопати навлегуваат во конфликтни ситуации.
П – луѓето чие име започнува на П се многу бистри и преполни со талент. Уште во раните години се многу позрели и понапредни за разлика од своите врсници. Обично привлекуваат луѓе на коишто им е потребен водич во животот. Сакаат да се забавуваат и понекогаш претерано драматизираат.
Р – овие личности се многу лојални, сочувствителни и лесно ја покажуваат својата наклонетост. Сепак, тоа го прават само со блиски пријатели и се држат настрана од другите. Тие не се многу дружељубиви, но го ценат сопствениот мир и уживање во прегратките на романтичен партнер. Сакаат љубовни предизвици и имаат големи амбиции.
С/Ш – овие почетни букви во личните имиња симболизираат лица кои зрачат со сексуална привлечност и сексапил. Тие сакаат гламур, убави работи и комплименти. Многу од нив се политичари, актери, модели и пејачи. Материјалните работи им значат многу. Тие се снаоѓаат во сите околности и предизвици во животот.
Т – луѓето чие име ја краси оваа почетна буква се опишуваат со хиперактивен карактер. Тие секогаш се зафатени и полни со ентузијазам. Создавањето семејство е клучно за нив. Тие исто така ги почитуваат многу и традиционалните вредности.
У – овие луѓе можат да бидат неорганизирани, нивните животи изгледаат хаотично и секогаш некаде брзаат. Инаку, тие самите не знаат како да живеат, не се водат според некои општествени правила, туку им се допаѓа чувството на притисок што ги води напред. Тие не сакаат да бидат сами.
Ф – ова се оптимисти, луѓе коишто се во состојба секогаш да ја видат добрата и позитивната страна на секоја ситуација во животот. Во љубовта се многу внимателни и склони кон платонски врски.
Х – почетната буква Х во имињата симболизира креативна енергија. Овие луѓе се силно мотивирани, сакаат да ги имаат работите под своја контрола и се перфекционисти.
Ц/Ч – симболизира поединци кои се многу непослушни, сигурни во себеси, но и чувствителни. Бидејќи се многу внимателни и рационални, сите чии имиња им започнуваат на овие букви знаат како да постигнат многу цели во однос на материјалниот свет.
(О)Милена | Црнобело