Паркирајте на осветлено место и уште 8 совети што ќе ви помогнат да се чувствувате побезбедно
Никој не сака да помисли дека некогаш може да биде нападнат, но секогаш е добро да бидете подготвени, дури и ако има многу мали шанси да се случи нешто такво.
Бидејќи никогаш не можете да предвидите кога ќе се најдете во опасна ситуација, добро би било секојпат да земате предвид некои работи, особено ако сте жена.
Иако, не посакуваме никому да затреба, сепак, и кај нас се случуваат вакви нешта, па затоа погледнете неколку совети што ќе ви помогнат да се подготвите и да се чувствувате побезбдено во некои ситуации:
Држете се понастрана од ѕидови
Ако се движите сами, особено навечер, обидете се да одите подалеку од ѕидовите. Во случај да бидете нападнати, на овој начин ќе имате поголем простор за движење, а со тоа и поголема шанса да избегате.
Не го паркирајте автомобилот свртен кон ѕид
Можеби паркирањето „во рикверц“ ќе ви одземе минута-две повеќе, но вака ќе имате можност веднаш да избегате со автомобилот ако сметате дека сте во опасност.
Внимавајте каде паркирате
Иако денес е предизвик да најдете добро место за паркирање, вреди да одвоите уште неколку минути за да најдете безбеден паркинг. Избегнувајте да го паркирате автомобилот во тесни и непрегледни улички, а ако е ноќ, потрудете се да најдете паркинг на осветлено место.
Ако се сомневате, добро проверете го автомобилот
Ако чувствувате дека сте во опасност, пред да влезете во автомобилот добро проверете го пред да влезете. Проверете ја внатрешноста преку прозорците без да ја отворате вратата, а за да бидете најсигурни, проверете и под автомобилот.