Малечка, царска, но и моќна – значењето на името Нина

Нина e женско име чија оригиналната форма доаѓа од машката верзија Нино. Според првата теорија, името е со асирско потекло, а означува: царска, „велика“. Името го носел основачот на асирското царство и по него е именуван градот Ниневеја.

Znacenje-na-imeto-Nina-01.jpg

Кога Нина празнува именден? Рамноапостолна Нина, просветителка на Грузија (335) се празнува на 27 јануари (по нов стил).

Според втората теорија, Нина има шпанско потекло и значи малечка, девојче.

Според последната теорија и нејзиното еврејско значење, Нина симболизира милост или во превод „Бог беше милостив“.

Доколку се водиме по теоријата дека Нина потекнува од хебрејскиот збор „нин“ што се преведува како „правнук“, според ова таа е и „правнука“.

Грузискиот збор „Нино“ пак, се преведува како „кралица“.

Во секој случај станува збор за моќно, женско име, па оние коишто се потпишуваат со него имаат цврст и непоколеблив карактер. Нина е име коешто потсвесно се поврзува со принципиелност, добра волја и подготвеност да направи што е можно повеќе добри дела.

Доколку и вие имате некоја „кралска“, принципиелна и моќна Нина, означете ја во коментар и посакајте ѝ убав викенд.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Десет имиња за бебиња со библиска симболика Душан - Потекнува од зборот „душа“, а луѓето кои го носат ова име слават именден...
Се запознале додека биле заглавени во воз во Белград: Филмската љубовна приказна на Швеѓанка и Шкотл... Нина и Дерек се запознале во 1990-та, на воз кој два дена бил заглавен на станиц...
Бизарни јадења од ретро книги со рецепти (фото) Банани со сланина и кашкавал, пица во форма на лице која изгледа страшно… Сте ви...
Првото дете им почина, се венча со друга жена 6 недели по разводот: Детали за првиот брак на Илон Ма... „Имавме огромна куќа со послуга. Одевме на гала свечености и седевме на најдобри...
Фотки што ќе ве разнежат – Луѓе кои имаат прекрасни соседи „Соседот ми го побара резервниот клуч – ми рече за да го изнесел кучето додека с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg