Уживање во вкусот на јагодите
Почна сезоната на јаготките. Тие се совршени за вкусни комбинации. Ова се неколку предлози како може да уживате во вкусот на јагодите.
1. Чоколадно уживање. Половина килограм јагоди ставете во 2dl загреано чоколадо за готвење. Додадете исецкани лешници или ореви и оставете ги на фолија да се исушат.
2. Салса од јагода и авокадо. Комбинирајте 1 лажичка исецкани јагоди, ¼ исецкано авокадо, 2 лажици кора од лимон, 2 лажици лимонов сок, 2 лажици сецкани лути пиперчиња и ¼ лажица шеќер. Измешајте ги сите состојки и послужете ги свежи.
3. Маргарита од јагоди. Измешајте една шоља јагоди, 6 лажици текила, 2 лажици triple sec, 2 лажици мраз и ¼ шоља сок од лимон.
4. Smoothie од јагоди. Измешајте 1 банана, 1 шолја смрзнати јагоди, половина јогурт (од ванила или лимон), ¾ шоља сок од портокал или јаболко, 2 кришки сирење тофу и 1 до 2 лажици мед. Мешајте додека не добиете глатка смеса.
5. Оцет од јагоди – комбинирајте 1 шоља јагоди, 1 лажица шеќер и 1 лажица вински оцет. Пуштете да отстои 1 час. Додадете сол, биер, 2 лажици маслиново масло и измешајте.
6. Сладолед од јагоди. Измешајте 3 шољи јагоди и половина шоља лимонов сок. Додадете половина литро млеко и 2 лажици арома од ванила, 1 ипол шоља слатка павлака и мешајте се заедно. Ставете го во кутија и замрзнете го.