Зошто е добро да јадете седнати на под како Јапонците?

Кај нас, како и во повеќето држави ширум светот, е вообичаено да седиме на стол додека јадеме. Неретко ни се случува и да јадеме во дневна, пред телевизор, но скоро никогаш не седнуваме на земја.

zoshto-e-dobro-da-jadete-sednati-na-pod-kako-japoncite-01.jpg

Јапонците, од друга страна, преферираат да јадат на ниски маси и да седат на перници на земјата. А, се чини дека ова може да биде доста корисно за организмот, особено дигестивниот систем.

Погледнете зошто треба да пробате да јадете седнати на земја, како Јапонците:

Подобра дигестија

Се верува дека седењето на земја со прекрстени нозе го зголемува дотокот на крв до желудникот и помага во дигестијата. Покрај тоа, бидејќи ќе треба да се наведнувате нанапред за секој залак, ќе ги стимулирате стомачните мускули и ќе ја избегнете подуеноста после оброкот.

zoshto-e-dobro-da-jadete-sednati-na-pod-kako-japoncite-02.jpg

Слабеење

Во нашето тело постои нерв познат како нерв луталник кој е одговорен за регулирање на функциите во органите, како дигестијата. Овој нерв може да го контролира и апетитот, односно да му даде сигнал на мозокот дека сте сити. Кога јадете седнати на земја, овој нерв функционира подобро, па помала е веројатноста да се прејадете.

zoshto-e-dobro-da-jadete-sednati-na-pod-kako-japoncite-03.jpg

Зголемена флексибилност и подобро држење на телото

Долгото седење на стол може да предизвика проблеми како болки во грбот, но и во целото тело. Истовремено, може да направи да се чувствувате „здрвено“ и непријатно. Од друга страна, ако седите на подот, вашиот грб ќе биде исправен, а ќе ги избегнете и проблемите со колковите и нозете кои се јавуваат поради долго седење на стол.

zoshto-e-dobro-da-jadete-sednati-na-pod-kako-japoncite-05.jpg

Ќе го активирате целото тело

На подот ќе имате повеќе место за движење за разлика од седењето на стол. Истовремено, за да станете од подот ќе треба да ги активирате мускулите на нозете и, иако е мала, ова сепак е некаква физичка активност.

Кога, пак, го држите грбот исправен, ги активирате и стомачните мускули.

zoshto-e-dobro-da-jadete-sednati-na-pod-kako-japoncite-04.jpg

Ќе се чувствувате посмирено

Седењето со прекрстени нозе е всушност и јога поза за релаксирање. Бидејќи на овој начин нема да чувствувате болки во телото, многу полесно ќе се релаксирате пред оброкот и сигурно ќе се чувствувате посмирено.

zoshto-e-dobro-da-jadete-sednati-na-pod-kako-japoncite-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
Момци со брокула фризура, претерани филери и уште 11 трендови од последната декада што на луѓето им ... Дали во последниве години стана тренд да се остава бакшиш за секоја можна услуга...
5 причини зошто е добро да спиете на подот (како Јапонците) Го подобрува држењето на телото, а може да ги намали и болките во грбот – кои се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg