Од момче кое спиело на улица до ТикТок ѕвезда со заработувачка од 214.000 денари месечно
Животната приказна на Дејв Аника е доказ дека работите се менуваат преку ноќ, а соништата се остваруваат.
Како тинејџер Дејв Аника (30) од Велика Британија бил присилен да спие на улица, а сега има половина милион фанови на ТикТок и се откажал од „нормална“ работа, откако постигнал онлајн слава.
Поранешниот стјуард во авиокомпанијата SAS Scandanavian Airlines ја изгубил работата минатиот октомври и вели дека во тој тежок период најголема поддршка му биле следбениците на ТикТок, кои ги нарекува свое семејство.
Дејв потекнува од Португалија, а на 19-годишна возраст се преселил во Париз за да студира танц со многу малку пари во џебот.
„Се вработив како шанкер во ноќен клуб, но останав без пари додека ја чекав мојата прва плата, па 4 дена не можев да си дозволоам хостел, па спиев на улица. Бев премногу горд да кажам некому дека сум во неволја и да побарам помош, па се однесував како сѐ да е во ред.
Се туширав во школата за танц и никој не ми поставуваше прашања, иако ја носев мојата торба секаде со мене. Не го знаев јазикот и тие неколку ноќи беа најстрашниот период во мојот живот“.
Но, само 6 месеци подоцна Дејв веќе танцувал на француската национална телевизија и почнал да заработува толку добро што дури и успеал да купи дом во Франција.
„Најмногу се каам што не почнав со активности на социјалните мрежи порано. Се сметам себеси за лајфстајл и моден инфлуенсер на Инстаграм, но најмногу се пронајдов на ТикТок.
Уште од почетокот почнав да посветувам по неколку часа на ден за креирање на содржина за социјалните мрежи, а сега комплетно сум посветен на тоа“.
Дејв сега заработува околу 214.000 денари месечно од социјалните мрежи, најмногу благодарение со договорите со големи брендови како River Island и Amazon.
„Луѓето мислат дека ова е лесна работа, но е всушност потешко од што изгледа. Има фотографирање, снимање, едитирање, монтирање, подготвување стајлинзи итн. Многу работи се споени во едно и луѓето треба да го ценат тоа. Горд сум со тоа што го постигнав досега и благодарен на моите следбеници.“
/
@daveanica It’s the ending line for me ?➡️PRESS+⬅️##cabincrewstories ##fyp ##flightattendants ##passengershaming ##cabincrewlife
♬ original sound - DaVeanica
С. С. | Црнобело