Трикови кои кралското семејство ги користи за да ѝ се допадне на јавноста

Една од главните задачи на кралското семејство е да биде лесно допадливо.

trikovi-koi-kralskoto-semejstvo-gi-koristi-za-da-i-se-dopadne-na-javnosta-povekje.jpg

Покрај следењето на сите протоколи и правила за постигнување на пристојниот впечаток кој сакаат да го остават, имаат и неколку трикови со кои ја „тераат“ јавноста да ги сака.

Ова се мал дел од нив:

1. Благо накривување на главата

Експертите за говор на телото, овој гест би го споредиле со малото, слатко кученце кое благо ја накривува главата додека ве гледа во очи и со тоа ве тера да се стопите.

trikovi-koi-kralskoto-semejstvo-gi-koristi-za-da-i-se-dopadne-na-javnosta-01.jpg

2. Спокојно мавтање со раката

Кралското мавтање е многу контролирано, бавно и мирно, што ви дава едно чувство на смиреност и сталоженост. Преку овој гест не само што ја поздравуваат јавноста, туку оставаат и впечаток на елеганција и префинетост.

trikovi-koi-kralskoto-semejstvo-gi-koristi-za-da-i-se-dopadne-na-javnosta-02.jpg

3. Виткана коса

Се верува дека витканата коса делува поприродно и посимпатично, за разлика од правата, пеглана коса која делува „строго.“

trikovi-koi-kralskoto-semejstvo-gi-koristi-za-da-i-se-dopadne-na-javnosta-03.jpg

4. Капа наместо очила за сонце

Капата е чест кралски аксесоар и тоа од една причина – да не го изгубат контактот со очите при средбите, поздравувањата и посетите.

trikovi-koi-kralskoto-semejstvo-gi-koristi-za-da-i-se-dopadne-na-javnosta-04.jpg

5. Рацете пред телото – но, никако стегнати

Рацете се најважниот дел кој треба да го контролирате, ако ги слушате експертите за говор на телото. Па така, кралското семејство го има усовршено држењето на рацете во отворена позиција, пред телото, но без да ги притискаат дланките.

Овој отворен став на рацете им помага луѓето да ги преципираат како отворени и топли, без притоа да откриваат нервоза или немир.

trikovi-koi-kralskoto-semejstvo-gi-koristi-za-da-i-se-dopadne-na-javnosta-05.jpg

6. Изложување на срцето

При поздравувањето, кралските членови се користат со една тактика – ¼ од телото ја наклонуваат кон соговорникот, притоа внимавајќи тоа да е од левата страна.

trikovi-koi-kralskoto-semejstvo-gi-koristi-za-da-i-se-dopadne-na-javnosta-06.jpg

7. Потпирање додека слушаат

Со самото навалување на телото, воспоставувањето на контакт со очите и мрдањето на главата, му даваат до знаење на соговорникот дека го има нивното внимание.

trikovi-koi-kralskoto-semejstvo-gi-koristi-za-da-i-se-dopadne-na-javnosta-07.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Храна, бензин: 11 трикови како да заштедите пари и платата да ви издржи до 1-ви „Дадете си задача еден месец да не фрлите ништо од храна. Кога бананите ќе почну...
Маки со косата што им се познати на сите жени, низ илустрации Чистењето на одводот по туширање е неизбежно за жените со долга коса, а оние со ...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...
8 совети да позирате како модел (и да немате здодевни Инстаграм фотки) Ви се случило ли да ја уништите совршената фотографија поради гримаса? Или лоша ...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg