Чистач на уши, лажно семејство: Необични активности за кои луѓето добиваат плата во Јапонија
Постојат професии и работни позиции кои се помалку популарни од останатите, но овие неколку активности се платени веројатно само во Јапонија.
Веројатно никогаш не би ви паднало на памет дека луѓето таму може да работат, односно да аплицираат за следниве активности:
1. Негувател на инсекти
Иако на прва помисла идејата е апсурдна, сепак во Јапонија голем број на луѓе работат како одгледувачи и негуватели на инсекти, кои потоа се препродаваат во секторот за храна.
2. Професионален чистач на уши
Иако чистењето на ушите е едноставна активност која сите ја правиме, во Јапонија луѓето тоа им го препуштаат на професионалци.
3. Момче/девојка/семејство за изнајмување
Кога ќе им смачи да објаснуваат зошто немаат партнер или деца – во Јапонија луѓето си изнајмуваат актери на неколку часа или денови.
4. Гостин за на свадба
За да ја импресионираат другата страна од семејството или присутните на свадбата, Јапонците се подготвени да изнајмат и гости за на свадба, кои имаат задача да се забавуваат и да запознаваат нови луѓе.
5. Дегустатор на оцет
Во Јапонија големо значење се дава на вкусот и текстурата на оцетот, па затоа има луѓе кои работат како дегустатори.
6. Туркач на гужвите во метро
Јавниот превоз е секогаш преоптоварен, а во Јапонија дури има луѓе кои ги притискаат патниците низ вратите, со цел да може да се затворат.
7. Чувар на балони
Многу од продавниците во Јапонија вработуваат посебни чувари за да внимаваат на нивните реклами во облик на балони. Овие чувари се грижат балоните да останат во добра состојба и секогаш да бидат надувани.
8. Професионалец за тешење
Буквално, овој човек има работа да ви ги брише солзите и да ве сослуша кога сте тажни или разочарани. Тоа може да го прави со часови, односно онолку колку што ќе му платите.
М. Д. | Црнобело