Озборувачи, онлајн критичари - Типови на луѓе кои ви ја разнишуваат самодовербата и како да се справите со нив
Луѓе кои постојано ве споредуваат со другите
За жал, ова однесување неретко е присутно кај родителите. Ако, на пример, детето добие послаба оценка, родителот веднаш го споредува со неговото другарче кое добило добра оценка. Но, ова споредување може да се случува и со партнер, пријатели, колеги…
Бидејќи не можете да го контролите однесувањето на другите, немојте да „наседнувате“ на овие споредби и не дозволувајте тие да ја одредуваат вашата вредност, ниту да ви ја срушат самодовербата.
Луѓе кои бараат совршенство
Перфекционистите ќе ви ги посочуваат и најмалите грешки и никогаш нема да бидат задоволни од она што сте го направиле. Тие секогаш ќе имаат огромни очекувања од вас, а вие колку и да се обидувате, никогаш нема да ги достигнете.
Затоа, штом забележите дека некој критикува сè што правите, најдобро игнорирајте го.
Луѓе кои ве озборуваат и критикуваат
Воопшто не е лесно да чуете лоши гласини за себе, особено ако не се вистинити. За жал, постојат многу луѓе кои озборуваат и ако се најдете на нивна мета, не заборавајте дека најчесто тоа е од љубомора.
Ако не сте ѝ згрешиле ништо на личноста, но таа сепак ве озборува, голема е веројатноста дека ви љубомори за нешто. И во овој случај, игнорирајте ги озборувања и критиките и држете се понастрана од таа личност.
Луѓе кои ве презираат
Некои луѓе, пак, уживаат да ги омаловажуваат другите и секогаш ги потценуваат и ги гледаат со презир. Сигурно сте сретнале ваква личност барем еднаш во вашиот живот.
Обично овие луѓе се убедени дека вредат повеќе од другите, без разлика дали поради изглед, кариера, пари или нешто друго. Но неретко, причината за ова однесување е нивната ниска самодоверба. Поради бројните несигурности, тие ги омаловажуваат другите околу нив и покажуваат доминантност, со надеж дека ќе им ја разнишаат самодовербата.
И во овој случај имајте предвид која е причината за однесувањето, но и дека вие дефинитивно не вредите помалку од таа личност. И, нормално, не дозволувајте ова однесување да влијае врз вас и вашата самодоверба.
Спирова С. | Црнобело