„Луѓето ми велеа дека не можам да патувам со куче – го прошетав низ 32 земји досега“
Од една страна, можеби ќе ве онерасположи фактот што ова куче има прошетано повеќе земји од вас, но од друга страна, може да ви биде инспирација по пандемијата да го промените тоа.
Јулија и Свен се пар од Германија кој е посветен на патување низ светот, но она што е впечатливо, е фактот дека со себе тие го носат и нивното куче.
Нивниот Инстаграм профил е како збирка со разгледници од прекрасни дестинации, а повеќето фотографии се во придружба на нивниот крзнен пријател.
Ако мислите дека е тешко патувањето со вашиот миленик до најблиското туристичко место во земјава, имајте на ум дека Јулија го има прошетано нејзиното куче Феликс во 32 земји низ светот.
Таа на Инстаграм објави кратко видео во кое пишува: „Луѓето ми велеа дека не можам да патувам со куче, а досега јас го прошетав низ 32 земји“.
Да, дефинитивно Феликс е „понашетан“ од многумина кои го читаат ова, па нека тоа ви биде инспирација по пандемијата да ја промените оваа „статистика“.
Погледнете ги најубавите фотки и видеа од Јулија, Свен и Феликс: