Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како да живеете како Французинка, каде било во светот?

Што значи да живееш како Французинка?

kako-da-zhiveete-kako-francuzinska-bilo-kade-vo-svetot-001.jpg

Ако и вие сте опседнати со леснотијата од животот кој го водат, ова се 20 трикови како може и вие да живеете „на француски начин,“ независно од локацијата на која се наоѓате.

1. Пијте кафе на тераса и набљудувајте ги луѓето.

2. Останете тивки, дискретни и таинствени.

3. Одете на културни активности – кино, опера или музеј (во случајов дел од овие работи можеби се невозможни, но приспособете се привремено).

4. Водете содржајни разговори. Не озборувајте.

5. Шетајте по градските улици без крајна дестинација.

6. Вежбајте на француски начин – интензивниот тренинг заменете го со многу движење и возење велосипед.

7. Купувајте од локални продавнички и пазарчиња.

kako-da-zhiveete-kako-francuzinska-bilo-kade-vo-svetot-03.png

8. Гответе свежа храна, супи и избегнувајте тешки рецепти со маснотии.

9. Ручајте бавно. Ручекот нека биде ритуал кој трае барем 30 минути.

10. Еднаш неделно, почестете се со путер-кроасан за појадок.

11. Исчистете ја гардеробата. Оставете го само неопходното и комбинирајте вешто.

12. Научете од што се состои капсулната гардероба: пар панталони, неколку кошули и џемперчиња, мантил, квалитетни чевли на средно висока пета, црни очила, минималистичка чанта...

13. Дотерувајте се секој ден.

kako-da-zhiveete-kako-francuzinska-bilo-kade-vo-svetot-04.jpeg

14. Носете пријатна, но убава долна облека.

15. Ставајте го истиот парфем секој ден.

16. Грижете се кожата да ви биде чиста, наместо да ставате тон пудра.

17. Од шминка, користете го само неопходното – коректор за подочниците, маскара за трепките, малку руменило и кармин.

18. Пуштете ја косата слободно да паѓа и оставете ѝ ја природната текстура.

19. Почитувајте и сакајте си ги годините.

20. Бидете љубезни и уживајте во секој комплимент.

kako-da-zhiveete-kako-francuzinska-bilo-kade-vo-svetot-02.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
6 прашања што ќе ви помогнат да ја откриете вашата токсична особина (и како да се ослободите од неа) Дали имате желба да им наредувате на другите и да ги терате да прават тоа што са...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
12 соседи кои како да се излезени од рајот (ќе посакате и вие такви) „Мојот глувонем сосед неколку дена се врткаше низ дворот, а ние мислевме дека пр...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg