8 гестикулации со раце кои имаат тотално различно значење низ целиот свет
5. Палец и показалец во форма на круг
Допирањето на палецот и показалецот и формирањето на круг во САД и Велика Британија би означувало одобрување, но на многу места, тоа претставува груб гест со различна конотација.
На пример, во Бразил, Грција и Шпанија се користи за да се поистоветува со дел од телото и тоа значи дека некого нарекувате „анус“.
Во Франција, тоа означува „нула“ и значи „ти си ништо“. Во Кина, тој означува број 7, а во Јапонија означува пари.
6. Показалец и среден прст во форма на „V“
Оваа препознатлива рачна експресија е донесена по победата на сојузничките сили во Првата светска војна. Подоцна таа станала симбол за мир во 60-тите и 70-тите години на минатиот век.
Меѓутоа, во одредени земји, вклучувајќи ги Велика Британија, Јужна Африка и Ирска овој гест се толкува за крајно безобразен.
Се смета дека навредата потекнува од пред повеќе од 500 години, кога Французите биле поразени во битката кај Агинкур од Хенри В. Оваа битка била дел од стогодишната војна меѓу Англија и Франција.
Како тогашна одмазда, Французите им отсекле два прста на англиските стрелци за да не можат повеќе да стрелаат. Англичаните ги држеле овие два прста кон Французите за да покажат дека сепак можат да се изборат до крај.
7. Показалец односно посочување
Кој би помислил дека покажувањето на показалецот може да има толку многу различни значења? Во Велика Британија и САД, овој гест се користи за да се сврти внимание кон нешто.
Во Германија, Белгија, Холандија и Австрија луѓето ги користат прстите за означување на броеви, така што показалецот го означува бројот 2. Кина, исто така го користи оваа рачна гестикулација за да го означи бројот 8.
Во источната култура се смета за крајно грубо да се посочува кон човечко суштество и се користи само за неживи предмети. Во Италија се користи за да го сврти вниманието кон нешто што е лошо.
8. Повикувачки прст
Показалецот поинаку е наречен и повикувачки прст. Всушност претставува барање кон одреденото лице да дојде.
Сепак, овој гест кај Филипините се смета за исклучителна грубост, па дури може да бидете уапсени затоа што сте го искористиле. Филипинците го користат овој гест само за кучиња.
Мила М. | Црнобело