8 гестикулации со раце кои имаат тотално различно значење низ целиот свет

Дали некогаш сте биле предупредени да внимавате на одредени гестикулации со рацете кога патувате во странство?

8-rachni-gestikulacii-koi-imaat-totalno-razlichni-znachenja-niz-celiot-svet 01 630x330.jpg

Верувајте, секое „зошто“ си има свое „затоа“.

Можете да препознаете од каде потекнува некоја личност едноставно преку неговите гестикулации.

Човечките суштества комуницираат на различни начини. Говорот е најочигледен метод, но ние луѓето исто така користиме невербални методи, како што се изразите на лицето и говорот на телото.

Зошто движењата на рацете и нивните значења се разликуваат толку многу во голем број на различни земји?

Во продолжение ви издвојуваме 8 гестикулации со раце и нивните различни значења ширум целиот свет:

1. Палец нагоре

Kaj нас и во западното општество, кренатите палци на рацете значат дека сè е во ред, односно претставуваат знак на одобрување. Сепак, во другите делови од светот, тие имaат негативни значења.

Се смета дека тие потекнуват од римско време кога сигналот на палците значел дека гладијаторот треба да умре.

Oваа негативна конотација полека почнала да избледува за време на Првата светска војна, откако американските пилоти почнале да ги користат за да сигнализираат дека се подготвени за летање.

Во земји како Јапонија и Германија, палец нагоре едноставно значи број еден. Сепак, на Блискиот Исток, делови од Европа, Русија и Латинска Америка овој гест е навредлив приближно како изречена пцовка.

8-rachni-gestikulacii-koi-imaat-totalno-razlichni-znachenja-niz-celiot-svet 02 630x400.jpg

2. „Ѓаволски“ прсти

Со децении користен од хеви метал и рок-бендовите, гестикулацијата со таканаречените „ѓаволски“ прсти означува гордо припадништво на овој музички правец.

Исто така, некаде се користи за да се прикаже сатански поздрав, па затоа и се именувани онака како што се.

Сепак, во Италија, Грција и Шпанија, „ѓаволските“ прсти зборуваат дека вашата сопруга ви е неверна, односно таа ви набила рогови.

8-rachni-gestikulacii-koi-imaat-totalno-razlichni-znachenja-niz-celiot-svet 03 630x400.jpg

3. Вкрстени прсти

Да се ​​прекрстат прстите, односно средниот прст врз показалецот е всушност гестикулација која обично се користи за да се посака среќа. Повремено се толкува како молба кон Бога за заштита.

Сепак, во Виетнам оваа рачна гестикулација се користи за претставување на женските гениталии и се смета за голема навреда.

8-rachni-gestikulacii-koi-imaat-totalno-razlichni-znachenja-niz-celiot-svet 04 630x400.jpg

4. „Зборувај ѝ на раката“

Ширењето на прстите, со дланката свртена нанадвор и насочување во нечие лице во буквален превод би значело „јас не те слушам“ или „замолчи“.

Овој потег се смета за доста незрела гестикулација, особено во САД. Во Грција, нејзиното значење е многу посериозно и се смета за голема навреда.

Се претпоставува дека потекнува од Византиската ера, каде на криминалците им нанесувале нечистотија на лицата и биле исмејувани.

8-rachni-gestikulacii-koi-imaat-totalno-razlichni-znachenja-niz-celiot-svet 05 630x400.jpg

Уште 4 на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Десет имиња за бебиња со библиска симболика Душан - Потекнува од зборот „душа“, а луѓето кои го носат ова име слават именден...
Детали од земјите ширум светот кои кријат необични приказни Ако во Шкотска видите црвена влезна врата, тоа значи дека домаќинот го исплатил ...
Богати и славни личности кои биле без „скршен денар“ кога починале Витни Хјустон должела дури 20 милион на нејзината издавачка куќа, додека за погр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg