„Не е како на Инстаграм, се каравме и останавме без пари“ - Пар открива колку е тешко да функционирате во дом на тркала

Инди и Џоел од Шведска купиле комбе со цел да го претворат во дом на тркала, но набрзо сфатиле дека овој подвиг не е воопшто лесен како што изгледа на Инстаграм. Тие постојано се карале, останале без пари и им требало двојно повеќе време од планираното за да ги направат најосновните работи.

ne-e-kako-na-instagram-se-karavme-i-ostanavme-bez-pari-par-otkriva-kolku-e-teshko-da-pretvorite-kombe-vo-dom-na-trkala-01.jpg

Во последно време сè почесто слушаме за луѓе кои решиле да остават сè зад себе и да почнат „живот на тркала“. Социјалните мрежи се преплавени со фотки од млади парови кои купиле комбе или слично поголемо возило, и го претвориле во подвижен дом со „направи сам“ проекти.

Навидум, овој начин на живот изгледа совршено за оние кои работат фриленс или немаат потреба да одат во канцеларија. Секој ден можете да одите на нова дестинација и секој ден ќе ви биде нова авантура. Но, еден пар од Шведска решил да ја открие суровата реалност со којашто се соочиле додека го правеле нивниот дом на тркала.

Инди и Џоел Акерблом живеат во Шведска и досега имаат посетено многу држави ширум светот. На почетокот од пандемијата решиле да купат комбе и да го оспособат за живот – план што го правеле со години. Целта им била да си направат дом на тркала, бидејќи не сакале постојано да бидат на една локација.

ne-e-kako-na-instagram-se-karavme-i-ostanavme-bez-pari-par-otkriva-kolku-e-teshko-da-pretvorite-kombe-vo-dom-na-trkala-02.jpg

Црпејќи инспирација од многуте Инстаграм профили, парот купил Mercedes комбе, но штом почнале со „направи сам“ проектите, сфатиле дека овој подвиг е далеку потежок отколку што си замислиле. Дури работеле на проектот, Инди и Џоел постојано се расправале, останале без пари и не успевале да направат ништо.

Тие го купиле комбето на старо, по цена од 12.000 долари, со помош на заем. Биле пресреќни за добрата зделка и сметале дека лесно ќе го реновираат. Џоел имал искуство со изработка на предмети и мебел од дрво, а родителите на Инди, кои им помагале, имале искуство со градежништво. Сепак, и покрај искуството и многуте туторијали на интернет, работите не оделе по план.

Најпрво тие се изненадиле колку време потрошиле за да го изолираат комбето.

„За изолацијата ни требаше околу два месеци. Беше многу бавен процес. И двајцата го имавме овој сон и секојдневно работевме на него, но не гледавме никаков напредок. Беше премногу тешко“, вели Инди.

ne-e-kako-na-instagram-se-karavme-i-ostanavme-bez-pari-par-otkriva-kolku-e-teshko-da-pretvorite-kombe-vo-dom-na-trkala-04.jpg

Неретко, на парот му биле потребни часови за да ги завршат и наједноставните обврски

„Вистински предизвик ми беше да направам само една фиока. Никако не можев да ја направам како што треба“, вели Џоел.

Еден од најголемите предизвици во проектот била електричната инсталација во комбето.

„Моравме да научиме многу. Почнавме со електричната инсталација и помнам како седев опкружена со кабли, прашувајќи се како воопшто ќе го направиме ова“, споделува Инди.

ne-e-kako-na-instagram-se-karavme-i-ostanavme-bez-pari-par-otkriva-kolku-e-teshko-da-pretvorite-kombe-vo-dom-na-trkala-06.jpg

Инди вели дека работеле два дена по 12 часа, само за електричната инсталација.

Штом завршиле со изолацијата и електричната инсталација, Инди и Џоел биле колку-толку задоволни од резултаот, но останале без пари. Тогаш морале да позајмат уште 19.000 долари за да го довршат протекот.

„Мислевме дека сумата што ја имаме ќе биде доволно за повеќето работи. Но, штом ги средивме подот, таванот и ѕидовите, останавме без пари. Имавме незавршено комбе, немавме дом, а немавме ни пари да завршиме со проектот“.

Како сето ова да било малку, тие морале да платат дополнителни 3.500 долари бидејќи комбето се расипало дури трипати.

ne-e-kako-na-instagram-se-karavme-i-ostanavme-bez-pari-par-otkriva-kolku-e-teshko-da-pretvorite-kombe-vo-dom-na-trkala-08.jpg

За да ги намалат трошоците, Џоел и Инди направиле многу промени во ентериерот и воопшто не реализирале некои од плановите.

„За нас ова беше екстремно скапо. Ни беше тешко да ги најдеме потребните средства. Сфативме дека реновирањето комбе е навистина скап проект“, открива Инди.

ne-e-kako-na-instagram-se-karavme-i-ostanavme-bez-pari-par-otkriva-kolku-e-teshko-da-pretvorite-kombe-vo-dom-na-trkala-05.jpg

Поради многуте проблеми, Инди и Џоел постојано се расправале. Имале различни идеи и замисли и тешко им било да се согласат. Поради ова, неретко работеле одвоено за да ги избегнат караниците.

„Сфативме дека не треба да работите на комбето во исто време. Така беше подобро за нашата врска“.

Парот вели дека на Инстаграм никој не ја споделува суровата вистина за овој подвиг.

„Сите изгледаат среќно, но ние многу се каравме. Потоа, кога прашавме други луѓе дали им се случувало истото, ни одговорија потврдно“.

ne-e-kako-na-instagram-se-karavme-i-ostanavme-bez-pari-par-otkriva-kolku-e-teshko-da-pretvorite-kombe-vo-dom-na-trkala-07.jpg

За среќа, иако потрошиле двојно повеќе време и пари од планираното, Џоел и Инди конечно го завршиле проектот, но велат дека има уште многу работа.

„Мислам дека никогаш нема да го завршиме целосно. На пример, ништо внатре не е измерено како што треба. Ова комбе не е воопшто совршено – многу работи не се направени како што треба. Сепак, ова е наш труд и го сакаме“.

ne-e-kako-na-instagram-se-karavme-i-ostanavme-bez-pari-par-otkriva-kolku-e-teshko-da-pretvorite-kombe-vo-dom-na-trkala-12.jpg

Инди и Џоел се надеваат дека го поминале најтешкиот дел и сега конечно ќе можат да уживаат во животот на тркала. Сепак, нагласуваат дека оние кои сакаат да го пробаат истото треба да бидат подготвени на многу предизвици и проблеми, бидејќи воопшто не е лесно како што ни изгледа на Инстаграм.

Крајниот резултат погледнете го на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg